• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Повик за доставување на објавен новинарски текст-видео сторија на тема:„Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“

    Повик за доставување на објавен новинарски текст-видео сторија на тема:„Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“

    • Категории Активности
    • Датум октомври 26, 2026

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот„ и оваа година предвидува доделување на награди за објавен новинарски текст/видео сторија на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

    За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување на пријави за објавен новинарски текст или видео сторија што треба да ги исполнува следниве критериуми:

    • Текстот или видеото да биде автентично авторско дело кое преку запазување на највисоките етички стандарди во новинарската професија придонесува кон подигање на јавната свест за теми поврзани со квалитетот и загадувањето на воздухот, но исто така се обидува да понуди можни решенија поврзани со оваа проблематика
    • Медиумскиот продукт треба да биде во форма на текст или видео сторија, на македонски јазик или јазик на етничките заедници (со превод / титл на македонски јазик)
    • Медиумскиот продукт да е објавен во медиум регистриран во државата, традиционален или онлајн, во период од 1 октомври 2025 година до 30 септември 2026 година
    • Апликацијата да има најмногу еден текст или прилог од истиот автор/автори. Исклучок е можен доколку станува збор за текст или прилог во низа.

    Целта на повикот и наградите е да се подигне свеста за постоечките проблеми со аерозагадувањето и да се поттикне поголема покриеност на овие теми од страна на новинарите на локално и национално ниво како придонес кон изнаоѓање на најдобрите начините за нивно решавање или ублажување.

    Начин и рок за аплицирање:

    На јавниот повик се очекува да се пријават новинари/автори кои имаат објавено новинарски текстови, видео стории или истражувања на оваа тема, кои што ќе можат да придонесат кон ставање поголем акцент и внимание на аерозагадувањето, подобро препознавање  на изворите на загадување, но и за тоа какви напори досега се направени или се прават од страна на разни чинители за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот, особено во урбаните средини.

    Заинтересираните треба да ја достават својата апликација,  со назнака „Апликација по повик УНДП/2026/00122883-ЗНМ – 001“ преку:

    • Електронска пошта, на следнава адреса contact@znm.org.mk

    или

    • По пошта, на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, РСМ

    Крајниот рок за доставување на апликации е 06.12.2026 (недела) до 24ч, ЦЕВ.

    Фонд за награди:

    Вкупниот фонд за награди изнесува 150,000 МКД бруто, и предвидува:

    • Прва награда: 70.000 денари бруто
    • Втора награда: 50.000 денари бруто
    • Трета награда: 30.000 денари бруто

    За проектот:

    Проектот Справување со загадувањето на воздухот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот општини во Северна Македонија, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој  и спроведување соодветни мерки за решавање на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест. Вклучувањето и информирањето на јавноста за прашањата за квалитетот и загадувањето на воздухот е клучен фактор за успехот на проектот. Проектот посветува особено внимание на градење партнерства и зголемување на капацитетите на граѓанските организации (ГО) и медиумите, особено што тие имаат клучна улога во правилно прикажување на фактите, споделување добри, но и лоши практики, подигнување на свеста и придонес за зголемување на знаењето во изнаоѓање решенија за справување со загадувањето на воздухот. Соработката со медиумите ќе обезбеди да се задржи вниманието на јавноста за прашањата поврзани со загадувањето на воздухот на национално и локално ниво, како и притисокот врз носителите на одлуки да дејствуваат и да покажат резултати на двете нивоа.

    Клучна алка во овој процес е инвестирањето во и мотивацијата на младите новинари ширум земјата подобро да се запознаат со темата и да се поттикне интерес кај новинарите за следење и известување за проблемите со аеро загадувањето, со што ќе се обезбеди одржливост на иницијативата и по формалното завршување на проектот.

    Во таа насока е и улогата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), како најстара и најголема организација во земјата, во соработка со УНДП,  преку наградување и јавна промоција на квалитетни новинарски прилози и медиумски содржини од оваа област да придонесе кон подигање на јавната свест за прашањата поврзани со загадувањето на воздухот.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ организираше обука за етичко известување за процесот на европска интеграција
    октомври 26, 2026

    Следен

    Тренинг - академија за новинари и медиумски работници - од иницијатива до реализација 
    октомври 29, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    16_9 (7)
    ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите
    2 ноември, 2026
    shared image (53)
    Претставници на Здружението на новинари на Турција од Анкара во посета на ЗНМ
    30 октомври, 2026
    16_9 (5)
    Тренинг – академија за новинари и медиумски работници – од иницијатива до реализација 
    29 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?