Последен пат променето на 02.03.2022 година

При посета на веб страната www.znm.org.mk со која управува Здружението на новинарите на Македонија, Скопје (понатаму „Здружението“, „ЗНМ“) и пополнување на „Пристапницата за членство“ со кликнување на линкот за „Членство“ на главната страна и со кликнување на копчето „Придружи се“ потенцијалниот член – физичко лице (субјектот на лични податоци) доброволно може да пополни (онлајн или преку преземање) формулар за членство во Здружението.

Здружението ги собира и обработува единствено личните податоци на апликантите за членство во Здружението и тоа: име (татково име) и презиме, адреса на живеење, телефонски број, место, држава и датум на раѓање, во кој град работите и адреса на е-пошта. Здружението собира и обработува и професионални податоци како на пример: во кој медиум/редакција работите, која е вашата функција, колку години се занимавате со новинарската професија, која е Вашата стручна спрема, кога сте засновале постојан работен однос, дали работите хонорарно и од кога, тип на медиум во кој работите и дали Ви е новинарството единствено занимање. Во согласност со „Условите за членство“ и „Статутот“ на Здружението, јавно и транспарентно објавени на веб страната, избрана комисија одлучува за прифаќање или одбивање на пријавата за членство на субјектот на лични податоци.

Личните податоци Здружението ќе ги користи во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Северна Македонија. Податоците нема да бидат објавени на ниту една трета страна. Здружението не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

Веб страницата www.znm.org.mk користи колачиња за да го подобри Вашето корисничко искуство на веб страницата. Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате веб страната. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот „тврд“ диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.znm.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Прв пат кога ќе пристапите на веб страницата www.znm.org.mk ќе добиете порака, односно ќе се појави прозорче кое ве известува дека користиме колачиња, со можност да изберете кои колачиња сакате веб страната да ги користи. Постојат 4 вида „колачиња“ кои ги користи веб станата, а вие имате можност да дозволите или забраните кои од тие сакате да бидат користени. 

Видовите на колачиња кои ги користи веб страната се следни:

Задолжителни – Задолжителните колачиња ја прават страницата употреблива, односно овозможуваат основни функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. www.znm.org.mk користи колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на оваа веб-страница за да овозможат одредени технички функции и за да обезбедат позитивно корисничко искуство. (без овие колачиња не можете да ја користите веб страната)

Трајни – Овие колачиња обично имаат датум на истек далеку во иднината и ќе останат во вашиот прелистувач додека не истечат, или додека не ги избришете рачно. Исто така, користиме трајни колачиња за подобро разбирање на навиките на корисникот, за да можеме да ја подобриме веб-страницата според вашите навики. Оваа информација е анонимна – не ги гледаме поединечните кориснички податоци. Колачето што се користи е site_cookie_info и се чува една година.

Статистика – Статистичките колачиња со анонимно собирање и испраќање на податоци им помагаат на сопствениците на сајтовите да разберат како посетителите комуницираат со страната. Ова се колачиња кои овозможуваат znm.org.mk да прави веб анализи, т.е. анализа на користењето на нашата страна и мерење на посетеноста, која ЗНМ ја применува за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги.

Маркетинг – Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. ЗНМ користи Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect, и Facebook колачиња.

Секогаш кога ќе се појави прозорчето за колачиња „Задолжителните“ колачиња се штиклирани, а останатите три вида на колачиња не се „означени“, што значи дека со затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на означените колачиња, како што е објаснето во оваа политика за колачиња. Доколку продолжите со користење на веб страната, а не штиклирате било кој друг вид на колачиња тоа значи дека вие не се согласувате веб страната да ги користи/зачува тие колачиња, односно само со Ваша изрична согласност, односно одбирање на вид на колачиња, веб страната ќе ги користи истите соодветно согласно оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите сите колачиња, освен задолжителните и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување.

Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на ЗНМ која што објаснува што ЗНМ прави со собраните информации од нашите корисници. За повеќе информации посетете ја  Политиката за приватност. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувате ги политиките за да навремено се информирате при евентуални промени.

Во секое време можете да поднесете барање и до Агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права на следната електронска пошта: info@privacy.mk

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

1. Барање за доставување информации за обработка на личните податоци (линк за преземање)

2. Барање за запирање на обработката на личните податоци (линк за преземање)

3. Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци (линк за преземање)

Офицер за заштита на личните податоци

Иван Брешковски

Тел: +389 75 820 530

e-mail: contact@znm.org.mk