Спречување на странската пропаганда и опасност од дезинформации со јакнење на капацитетот на медиумите и новинарите

 

Овој проект има за цел да ги поддржи медиумите и новинарите да се справат со дезинформациите кои стигнуваат од странство, да помогнат во заштитата на македонскиот медиумски простор од негативна пропаганда и да изнесат сигурни и објективни содржини и контра-наративи кои би можеле да им помогнат на граѓаните да изградат мислење базирано на точни информации.

Правна помош и психолошка поддршка

 

Целта на проектот е се обезбеди правна помош на новинарите и медиумските работници кои имаат потреба од истата. Психолошката поддршка е исто така е од голема важност за новинарите, бидејќи заканите и нападите додека ја вршат својата работа оставаат трага, но исто така и притисокот по разни основи во редакцијата.

Стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP) се шамар за граѓаните и за јавниот интерес

 

Целта на проектот, кој ги опфаќа новинарите и медиумски работници, медиумска заедница, релевантни институции  е да придонесе кон подигнување на свеста за ризикот што го имаат стратешките тужби против учество на јавноста (SLAPP) за слободата на изразување, преку превентивни алатки кои ги ќе едуцираат засегнатите страни. Во однос на образовната компонента, предвидено е преку заедничка работа да се изготват конкретни насоки кои ќе го дефинираат овој вид тужби во локален контекст и потенцијалните последици кои можат да произлезат, не само за правото на слобода на изразување, туку и за правото на информирање.

Safe Journalists Network / Мрежа на Безбедни Новинари

 

Проектот, кој е наменет за претставници на национални државни институции, меѓународни актери со моќ да влијаат на дебатата за политики и делување, организации на граѓанското општество, новинари и новинарки, медиумски експерти има за цел да придонесе за создавање на поволна средина во која слободата на изразување целосно се остварува додека насилството, заканите и притисоците врз новинарите се навремено и прецизно следени од органите на прогонот и правосудните органи, како и јавно осудени од владините претставници

Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ

 

Проектот е наменет за новинари, медиумски работници, медиумски, граѓански и новинарски организации, истражувачи, носители на политики и одлуки, јавноста. Целта е да придонесе за подобрување на општествените можности кои се важни за создавање на средина за слобода на изразување и слобода на медиумите.

Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија

 

Општата цел на проектот е да придонесе за создавање поповолна правна и политичка средина што ќе овозможи практикување на слободата на изразувањеи независноста на медиумите како столбови на демократијата во РСМ,но истовремено да придонесе во заштитата на основните права на новинарите. Краткорочната цел на проектот е да се поттикне поголемановинарска солидарност и да се зајакне улогата на ЗНМ во заштитата на новинарската професија и промовирањето на одржливи системски решенија за поповолна медиумска средина.

Препознавање на дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

 

Целта е да се обезбеди форум за отворена дискусија за темите на дезинформации во он-лајн медиумите за новинари, медиумски работници од он-лајн медиуми во земјава.

Зајакнување на медиумските слободи во Северна Македонија

 

Општата цел на проектот е да придонесе кон создавање средина во која слободата на медиумите и слободата на изразување се почитуваат и можат да се остварат без страв и притисок. Проектот особено се фокусира на градење на капацитетите и на новинарите и на актерите од правосудната фела за да развијат поефективен одговор на случаите на заплашување и закани.

Синдикатите за фер закрепнување

 

Да се подобри соработката на институционално ниво помеѓу ЗНМ и МВР преку заеднички протокол за безбедност на новинарките во онлајн просторот како и преку активности кои вклучуваат обуки на целните групи што ќе придонесе за поголема видливост.