Fill out the following application form and send us a short CV along with 2 photos on contact@znm.org.mk
MEMBERSHIP APPLICATION
Thank you for your interest in joining the Association of Journalists of Macedonia. Please complete the three parts of this application (general and professional data and confirmation from the editorial office).
Потребно е да се пополни пристапница која може да се преземе од оваа страница, а чиј интегрален дел е и потврдата за професионален ангажман. Потребно е приложување и на кратка биографија.
Документите треба да се достават до канцеларијата на ЗНМ (Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје ) заедно со две фотографии или електронски на contact@znm.org.mk
Членарината за две години изнесува 600 денари.
Средствата се уплаќаат на сметката на ЗНМ во Комерцијална банка, трансакциона сметка 300000000776715 со назнака за членарина во ЗНМ.
Управниот одбор на седница во април 2012 одбор донесе одлука да им овозможи на новинарите кои останале без работа, а кои ги исполнуваат условите за зачленување предвидени со Статутот, бесплатно да се зачленат во ЗНМ.
За повеќе контактирајте не на телефон: (02) 3298-139 или на contact@znm.org.mk
Здружението на новинарите на Македонија тековно работи на остварување на соработка со своите партнери со цел обезбедување на бенефиции на активни членови.
Во моментов следните бенефиции на членовите се достапни:
Правна помош:
Обезбедување на правна помош во случај на тужба за клевета или навреда и останати правни услуги. За користење на оваа бенефиција потребно е да се обратите на електронската пошта на ЗНМ (contact@znm.org.mk) или на телефонскиот број: 02/3298-139,
Секој член на ЗНМ има можност да ги ужива и бенефициите на „Интернационалната федерација на новинари“ (ИФЈ) преку вадење на ИФЈ членска картичка. Вадењето на оваа картичка чини 1200 денари и истата е со важност од две години. Оваа картичка е признаена во повеќе од 120 земји низ светот и со неа се овозможуваат бројни попусти и пристап на новинарите во одредени институции и на настани. Повеќе информации за можностите кои ги имаат членовите на ЗНМ со вадењето на оваа картичка се достапни на страната на ИФЈ (www.ifj.org).
Здружението на новинарите на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи со цел да се подобри безбедноста на новинарите. Според Меморандумот, ЗНМ и МВР ќе организираат заеднички обуки и кампањи, ќе креираат протокол за известување од настани со висок ризик, ќе соработуваат во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите и ќе издаваат заеднички публикации. Преку овие активности ЗНМ и МВР сакаат да ја подигнат свеста на граѓаните за улогата на припадниците на МВР во зачувување на безбедноста и мирот на граѓаните и новинарите, како и за важноста на новинарите слободно и безбедно да си ја вршат својата професија.
Едукација:
Универзитетот ФОН и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потпишаа билатерален меморандум за соработка. Меморандумот е основа за соработка помеѓу двете страни за спроведување на заеднички активности за пренос на знаење и зајакнување на националните капацитети за обезбедување обуки и консултации од областа на новинарството. Меморандумот е концентриран кон организирање на заеднички активности, како што се семинари, конференции, работилници и слично.
Универзитетот ќе овозможи попуст од 50% од школарината за студиите на новинарите – членови на ЗНМ за додипломски и мастер студии на студиските програми на универзитетот.
Здружението на новинарите на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Оваа соработка ќе овозможи многу поволности за новинарите од целиот источен регион, за студентите и професорите по новинарство, како и за членството на ЗНМ. Според Меморандумот, ЗНМ и УГД Штип ќе соработуваат на заеднички проекти, ќе можат да користат анализи, истражувања, архиви и воопшто соодветните капацитети и услуги на двете установи. Исто така, ќе биде овозможено учеството на обуки, работилници и семинари, ќе се издаваат заеднички публикации, а ќе има и зголемена соработка со наставно-научниот кадар на УГД Штип.
ЕУРОКИДС нуди курсеви по англиски и германски јазик за деца и возрасни како и подготвителни курсеви за полагање на меѓународните тестови IELTS и BULATS.
Обврски на Еуро едукативен центaр ЕУРОКИДС према членовите на ЗНМ:
– попуст од 25% на курсеви по англиски и германски за деца до средношколска возраст;
– попуст од 25% на курсеви по англиски и германски за возрасни;
– попуст од 15% на подготвителни курсеви за полагање на BULATS и IELTS;
Угостителски објекти:
Членовите на ЗНМ имаат 20% попуст на цените на храна и пијалоци во „Equestrian restaurant“, кој се наоѓа во Градскиот трговски центар (ГТЦ) веднаш спроти Жена парк.
За организирање на разни настани во ресторанот можете да го контактирате лицето Зоран Лазаревски на моб:+389 70 703 730 или на електронската пошта: ekvestrian2015@gmail.com
Остварена соработка со најпознатиот кафе-ресторан во Македонија, ТРЕНД! Обезбедени се 15% попуст за членовите на ЗНМ на сите производи во сите локали на ТРЕНД: Lounge restaurant Trend & Bistro London (плоштад Македонија), Food Bar Trend (Skopje City Mall), Тренд Телеком (Кеј 13 Ноември), Gastro Bar Trend (бул. Јане Сандански, Аеродром), Trendy Party Room (ул. Никола Вапцаров 2/4). WEB: http://caffetrend.mk/
ЗНМ оствари соработка со една од најстарите пицерии во Скопје, пицеријата „Занзибар“ која се наоѓа во близина на фонтаната во градскиот парк. Пицерија Занзибар дава 20% попуст на своите производи за членовите на ЗНМ. Повелете на највкусната италијанска кујна во градот, а секој четврток во 21:00 ве забавува Џон Илија Апелгрен. Facebook page
ЗНМ оствари соработка со едно од најпопуларните кафулиња во Скопје, „Винил“, кое се наоѓа во близина на Соборниот храм во центарот на градот. Винил дава 10% попуст на сите пијалоци за членовите на ЗНМ.
Сервис и продажба на велосипеди:
BIKE MARKET Скопје основана 2008 година, спроти фонтаната во градскиот парк во Скопје нуди сервис и продажба на велосипеди. Членовите на ЗНМ добиваат попуст на следните производи:
– POLAR Venera SCOUT i CROSS велосипеди попуст од 23% на редовните цени.
– На брендовите MERIDA bikes 20% пупуст SCOTT bikes 17% попуст.
– Попсут од 20% на резервни делови и додатоци за велосипеди како и 15% попуст на сервис – работна рака.
Спорт и рекреација:
Lifestyle Fitness Studio Skopje кое се наоѓа на Бул. Партизански одреди 72а нуди 20% попуст на месечна членарина за користење фитнес и сауна за членовите на ЗНМ. Телефони за контакт: 071 712 882, 075 336 764.
Поликлиники:
Обезбеден 5% попуст на здраствените услуги во поликлиника Интермед-Арт. Поликлиника Интермед-Арт е приватна здравствена установа, основана во февруари 2011год, лоцирана е на бул.Партизански Одреди бр.84 во трговскиот центар Антико – Скопје. Располага со ординација по општа медицина, трудова медицина,интерно оделение,физикална терапија,лабораторија,дневна болница и ординација по спортска медицина.
Веб страна: http://www.intermed-art.com.mk/
Авио компании:
Обезеден е попуст со „Croatia Airlines“ и сите членови на ЗНМ имаат 20% попуст на комерцијални летови преку оваа авио куќа и тоа на категорија на летови C, D и Z, потоа 15% попуст на категорија на летови Y и B и 10% на категорија на летови нa M, H, Q, V и W. Попустите не важат за конекцијата SKP-ZAG-SKP. Повеќе информации имате на следните телефони +389 2 561 850 / 3296 967 / 3296 969,
Автомобилизам и сервис:
Членовите на Здружението на новинари кои ја имаат подмирено годишната членарина ќе добијат комерцијален попуст од 20% на членскиот пакет „КЛАСИК“ и 30% попуст на членскиот пакет „ЕВРОПА ПРЕМИУМ“ кои ги нуди АМСМ.
ИНФО за пакетите на следните линкови:
http://www.amsm.com.mk/article.aspx?cid=5504&scID=5387&l=94 КЛАСИК
http://www.amsm.com.mk/article.aspx?cid=5503&scID=5387&l=94 ЕВРОПА ПРЕМИУМ
BENELUX TUNING нуди:
– Од 30-35% попуст на сите брендови на пневматици од сите димензии, без разлика на купената количина и гратис работна рака за монтажа на истите (Michelin, Dunlop, Sava, Tigar, Continental, Sportiva, Starfire, Nankang, Nokian, Pirelli, Bridgestone, Kellz, и сите останати од нашиот асортиман);
– До 30% попуст на сите алу фелни од сите димензии и од сите брендови;
– 10% посто на сите делови неопходни за сервис на вашите возила и ГРАТИС работна рака за монтажа на истите;
– 10% ќе добиете за вашиот стар акумулатиор при купување на нов акумулатор од брендовите Exide, Topla, Moll;
– ГРАТИС ДИЈАГНОСТИКА за сите ваши возила и детектирање на сите грешки со специјален КТС уред од BOSCH;
– 1000 денари монтажа, демонтажа и балансирање ќе ве чини промената на вашите 4 пневматици од зимски на летни и обратно;
– 1000 денари ќе ве чини сезонското складирање на вашите гуми во нашиот Хотел за гуми;
Локација: ул. Скупи 57б / Момин Поток, 1000 Скопје
тел:. ++ 389 2 30 82 111, Факс. ++ 389 2 30 82 111, Мобилен ++ 389 71 305 600
E-mail: info@beneluxtuning.com
Web: www.beneluxtuning.com
АВТОПЕРАЛНА „КЛИП ПЛУС“ нуди 10% попуст на своите услуги, локација Рузвелтова 25 (во близина на сет тек).
Транспорт:
Здружението на новинарите на Македонија во соработка со општина Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје (ЈСП-Скопје), договорија попуст за новинарите за месечниот билет на автобускиот превоз во Скопје. Попустот ќе изнесува 50% и истиот ќе важи единствено за вадење на месечените билети за јавен транспорт. За да можат новинарите да го остварат тој попуст треба да бидат активни членови на ЗНМ, односно да ја имаат подмирено годишната членарина. Процедурата за користење на оваа бенефиција можете да ја прочитате на следниот линк: http://znm.org.mk/?p=4462
Обезбеден е попуст со агенцијата „Руле Турс“ со која е овозможено членовите на ЗНМ да користат 20% попуст за сите линии на патување, во Македонија и надвор од земјава. При плаќање на билетот вработените од Руле Турс на членовите ќе побараат членска книшка за да се потврди активното членство. Повеќе информации имате на следните телефони 2402 527.
Попуст за членовите за транспорт со Струмица Експрес. Секој патник има попуст од 20% за услугите кои ќе ги користи преку оваа транспортна компанија. Картите за превоз може да се купат од автобуската станица во Струмица или од шоферот во автобусот со покажување на заверена членска книшка од ЗНМ.
Здружението на новинарите на Македонија и „Македонија Травел“ потпишаа меморандум за соработка со што на членовите на ЗНМ им се овозможуваат многубројни понуди и поволности кои ги нуди агенцијата. За повеќе информации околу многубројните поволности и услуги што ги нуди „Македонија Травел“ за нашите членови можете да се информирате на телефон: +389 (0) 2 3112372 или на мејл на: info@macedoniatravel.com
Книжарници:
Попуст од 10% на сите производи во Академска Книга. Специјализирани продавници за странска стручна литература на англиски јазик од врвни американски, британски и германски издавачи. Академска Книга располага со сопствен дистрибутивен центар со повеќе од 18.000 книги на залиха. Залихата вклучува монографии, наслови од светски познати универзитетски печатници, книги за предавање (textbooks), како и книги за професионална употреба и изучување на јазици. WEB: http://akademskakniga.mk/
Попуст за купување на книги. Членовите на ЗНМ можат да се регистрираат на KupiKniga.mk и да станат привилегирани членови со што се добива 10% попуст на сите нарачки од оваа книжарница. Тука ќе најдете повеќе од 10000 наслови на македонски, албански, англиски и српски јазик во различни категории. За да се регистрирате на KupiKniga.mk како привилегиран член, одете на http://kupikniga.mk/RegStep1.aspx и внесете го кодот ZNMVIP во полето „Вип код“ а потоа во полето „лозинка“ внесете го вашиот број од членската книшка.
Салони за убавина:
Фризерското студио „ДАМИ и ГОСПОДА“ нуди 20% попуст на своите услуги. Локација Скупи 1/1 во близина на гимназија Георги Димитров.
Паркинг:
Бесплатен паркинг – Ве известуваме дека е потпишан Договоро со Паркинзи на општина Центар, според кој членовите на ЗНМ ќе може да ја користат бенефицијата за бесплатен паркинг во траење од 2 часа. Членовите на ЗНМ што сакаат да ја користат оваа бенефиција потребно е да одат до просториите на ПОЦ каде ќе им биде доделена новинарска паркинг картичка. За секоја издадена новинарска паркинг картичка на член на здружението, новинарот ќе склучи договор во кој детално ќе бидат определени правата и обврските на корисникот и на ПОЦ. За повеќе информации обратете се директно во ПОЦ или во канцелариите на ЗНМ.
Conditions for associate membership
Придружни членови можат да бидат лицата вработени во јавни служби, образовни, научни, културни, стопански и други институции, публицисти и слично кои повремено се занимаваат со новинарство или поранешни редовни членови чие членство од причини наведени во Статутот на ЗНМ постојано или повремено преминало во придружно. Под придружно членство се подразбира членство во ЗНМ кое во однос на правата и обврските е изедначено со редовното членство, со исклучок на правото да избираат и да бидат избрани во органите и телата на ЗНМ и немаат право да одлучуваат за Статутот на ЗНМ. Тие имаат право да ги користат придобивките што ги овозможува ЗНМ и Меѓународната федерација на новинари (IFJ). Придружниот член има право да изнесува мислења и ставови за работата на органите и телата на ЗНМ, да ја користи правната заштита за новинарската работа и да поседува членска книшка на ЗНМ. Придружното членство е со траење до моментот кога истото по автоматизам ќе се трансформира во редовно полноправно членство со редовна висина на членарината во согласност со одредбите за висина на членарината. Постапката за прием во придружно членство е идентична како онаа за редовно членство, а висината на членарината се одредува на ист начин како и за редовните членки.
Conditions for honorary membership
ЗНМ прима и почесни членови со одлука на мнозинството членови на Управниот одбор. Почесни членови можат да бидат и странци. За почесен член на ЗНМ може да се прими и лице кое не е новинар по професија, но кое со своето залагање или соработка со ЗНМ дало значаен афирмативен придонес во работењето или развојот на ЗНМ. Почесните членови имаат право да ја следат работата на Собранието на ЗНМ, без право на свои претставници во Собранието на ЗНМ и без учество во одлучувањето.