ЗНМ се сретна со германскиот амбасадор

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија вчера во ЗНМ се сретнаа со новиот германски амбасадор во Македонија, г-дин Томас Герберих.
На средбата се разговараше за актуелната состојба со слободата на медиумите, за активностите на ЗНМ за заштита и промоција на слободата на говорот, како и за продолжување на добрата соработка меѓу ЗНМ и германската Амбасада.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, се заблагодари на амбасадорот Герберих за поддршката што германската амбасада ја даваше на ЗНМ во најтешкиот период, а се осврна и на безбедноста на новинарите и реформата на јавниот сервис и претстојните измени на медиумското законодавство.
Германскиот амбасадор изрази поддршка за работата ЗНМ и вети дека ќе се заложи кај македонската влада да се подобри безбедноста на новинарите и да се зголеми независноста на македонската радио телевизија, како клучни предуслови за слободата на медиумите и евроинтеграцијата на Македонија.