ЗНМ се солидаризира со барањата на новинарите на МПМ

Здружението на новинарите на Македонија се солидаризира со барањата на новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и јануари и хонарарите на дописниците.
ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на Дневник, Утрински и Вест да стапат во штрајк ако најдоцна до 15 февруари не се исплатат заостанатите плати.
Без социјална сигурност на новинарите не може да има ниту слобода на медиуми, коja е предуслов за функционална демократија.
Ги повикуваме сопствениците и менаџментот на МПМ сериозно да се зафатат со решавање на проблемите и да ја прекинат агонијата во компанијата. Недозволиво е весниците и новинарите да се претворат во заложници на дневно политички интереси.
Единствено трајно и одржливо решение за состојбата во МПМ е да се ослободат весниците од партиската контрола. Иднината на весниците треба да се бара преку враќање на довербата кај читателите и огласувачите.
Со почит,
Здружение на новинарите на Македонија
06 февруари 2017 година, Скопје
фото: http://a1on.mk/
Tag:Workspace