• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ одбележа 71 години постоење

    ЗНМ одбележа 71 години постоење

    • Категории Активности
    • Датум февруари 23, 2017

    Здружението на новинарите на Македонија со пригодна свеченост во средата во Клубот на новинари одбележа 71 години постоење на организацијата. На свеченоста пригодно обраќање имаше претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој рече дека годишнините служат да се постетиме на мисијата на здружението, да се направи рекапитулација на сработеното и да се трасира пат за иднина. Селмани истакна дека основна мисија на ЗНМ е да ја штити слободата на говорот и да промовира професионалнио новинарство.

    „Пресудата на Европскиот суд за човекови права и слободи е голема победа за ЗНМ и за сите новинари. Оваа пресуда е силен удар против авторитарните практики на владеење во Македонија и славење на слободата и демократијата. Таа покажа дека правдата е на наша страна и е посилна од насилијето. Сега е време институциите да извлечат поука и да покажат поголем респект кон слободата на говорот, како основно човеково право“, рече Селмани.

    Тој вети дека ЗНМ ќе продолжи да се бори слободата на говор да стане реалност во Македонија и изрази подготвеност да соработува со идната влада за решавање на проблемите со слободата на медиумите. „Се надеваме дека идната влада ќе има демократски капацитет и политичка волја за сериозни реформи во медиумите, со цел да имаме послободни и поодговрони медиуми, кои ќе можат да ја одиграт важната улога за функционирањето на една зрела демократија“, подвлече Селмани.

    Според него, најдобар начин да се промовира одговорно новинарство е да ги наградите добрите новинари и да се дистанцирате од оние кои заборавиле на новинарската етика. „Успехот на годинешните добитници на награди е потврда дека и во тешки времиња може да се напишат добри истражувачки стории и да се направат добри фотографии“, рече Селмани.

    На настанот беа доделени и новинарски награди за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и за истражуваќка сторија „Јашар Еребара“. Годинешен добитник на наградата за животно дело е фоторепортерот на порталот „Сакам да кажам“ Ѓорѓи Личовски, а за истражувачка сторија, новинарот на Призма, Владо Апостолов.

    На добитниците наградите ги врачи претседателот на Комисијата за награди, Гордана Дувњак, која истакна дека на конкурсот за првата награда се пријавиле шест новинари, а за втората во конкуренција биле десет истражувачки стории.

    Дувњак рече дека Личовски, како бард на македонското фоторепортерство, наградата за животно дело ја добива поради богатиот творечки опус од 27 години работејќи во разни македонски и страснки медиуми, додека новинарот Аполстолов е награден за трите истражувачки стории за имотот на Владимир Здравев, поранешен претседавач на  Советот на општина Центар, директор на МЕПСО и актуелен член на Одборот на директори на Т-Хоме.

    Освен наградите, Комисијата, на новинарот на Шења, Мефаил Исламил, му врачи пофалница за сторијата како пратеник на ДУИ се потпишува на листа на присутност на седница на собраниска комисија во име на отсутни пратеници.

    Воедно, на свеченоста беше промовиран и Новинарскиот клуб, кој за членовите на ЗНМ за ресторански услуги ќе обезбеди попуст од 30 посто.

    ЗНМ, 23 Фебруари

    Скопје

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Попусти за членовите на ЗНМ од АМСМ
    февруари 23, 2017

    Следен

    ЗНМ: Да не се известува од насилни протести
    март 1, 2017

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?