• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ и СЕММ: Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на www.promedia.mk

    ЗНМ и СЕММ: Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на www.promedia.mk

    • Категории Активности
    • Датум март 6, 2020

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) информираат дека веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици.

    Потсетуваме дека главни критериуми кои треба да ги исполнат онлајн медиумите за да станат дел од Регистарот се: транспарентно сопствеништво, објавен импресум, почитување на стандардите на Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ, објавените текстови да се потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со Законот за заштита на авторски права.

    Главната цел за креирањето на овој Регистар е да придонесе да се поттикне процесот на професионализација во работењето на онлајн медиумите, а со тоа и подобрување на нивниот кредибилитет, како и препознавање на оние кои ги почитуваат стандардите наспроти неетичките кои го нарушуваат угледот на професионалните онлајн медиуми.

    Постапката на креирање на Регистарот се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката на развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и медиумската и бизнис заедницата во државата. Освен тоа, процесот на саморегулација го поддржа и Стопанската комора на Македонија , којашто упати апел до своите членки за рекламирање и огласување само во онлајн медиумите кои се дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми. Процесот го поздрави Делегацијата на ЕУ во Скопје, канцеларијата на ОБСЕ во Виена, Американската амбасада во Скопје, како и од Европската федерација на новинари.

    Саморегулацијата на медиумите продолжува да биде заедничка заложба на нашите организации за доброволно воспоставување критериуми и придржување до нив во рамките на процес кој е отворен за јавноста. Оттаму, потсетуваме дека членството во Регистарот на онлајн медиумите е менливо и е процес кој тековно ќе се развива. Ова подразбира дека медиумите кои во  моментот не се дел од Регистарот, а ги почитуваат условите за членство ќе може да се придружат додека, пак, оние кои веќе се дел од Регистарот, а се потврди дека не ги почитуваат критериумите за членство и етичките правила нема да имаат статус на активни членови.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ ја поздравува ослободителната пресуда за Божиновски
    март 6, 2020

    Следен

    ЗНМ: Новинарите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста
    март 10, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?