• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ и СЕММ: Процесот на зачленување во Регистарот на професионални онлајн медиуми и понатаму е отворен

    ЗНМ и СЕММ: Процесот на зачленување во Регистарот на професионални онлајн медиуми и понатаму е отворен

    • Категории Соопштенија
    • Датум март 22, 2020

    Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги потсетуваат медиумите дека продолжува да биде отворена постапката за зачленување во Регистарот на професионални онлајн медиуми на овие две организации (Promedia.mk).

    Најважната цел на овој процес е да ѝ помогне на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат критериумите за членство ( https://semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo ) и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење.

    Имајќи ја предвид кризната ситуација што ја предизвика пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), како во државата, така и на глобално ниво, нашите две организации ќе продолжат да ги повикуваат медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и предизвикувањето паника во јавноста. Ширењето на КОВИД – 19 е причина за голема загриженост кај јавноста, но известувањето во некои медиуми придонесува кон зголемување на вознемиреноста на начин што не е етички оправдан, а ширењето дезинформации може да доведе до сериозни последици.

    Оттука, апелот за зачленување во Регистарот е дел од заложбите да се поттикне значајната улога на медиумите во правилно разбирање на појавата на коронавирусот, последиците од неа и начините на ефективна превенција.

    Наш заеднички интерес е да се зголеми членството на медиумите во овој Регистар, а со тоа и определеноста на медиумите да работат професионално, одговорно и етички преку почитување на процесот на саморегулација и критериумите кои што се засноваат на  практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а консултирани со новинарската и медиумската заедница. Досега овој процес е поддржан од голем број медиуми, Стопанската комора на Македонија и меѓународната заедница, а во моментот Регистарот има 102 членки.

    СЕММ веќе добива претставки за неетичко известување во врска со коронавирусот, а во таа насока апелираме до јавноста да продолжи да реагира на случаите на непрофесионалност и да придонесе во спречувањето на дезинформациите во медиумите.

    • Share:
    author avatar
    viktor644

    Претходен

    ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции за медиумите поради кризата
    март 22, 2020

    Следен

    Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење
    март 22, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    sjn 20.03.2023
    SafeJournalists: Стоп за насилството врз новинарите и активистите во Босна и Херцеговина
    20 март, 2023
    SafeJournalists-17.3.2023
    SafeJournalists: Стоп за заплашувањето на новинарите во Косово
    17 март, 2023
    sliki za namaluvanje (3)
    Почина колешката Невенка Митревска
    17 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?