ЗНМ и ХЕРА потпишаа Меморандум за соработка

Здружението на новинарите на Македонија и ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот предвидува поблиска соработка помеѓу двете организации преку организација на заеднички работилници и кампањи за улогата на новинарите и медиумите при известување за ранливите категории.
Предвидена е и заедничка изработка на анализи, истражувања и прирачници во врска со групите на ранливи и маргинализирани граѓани со посебен фокус на здравствените и социјалните права.
Соработката предвидува и можност за вклучување на новинари кои би работеле на креирање на медиумски содржини на теми кои се важни за работата на Хера, а преку кои би се промовирало етичко и професионално новинарство.
Овој Меморандум е во насока на градење на партнерски односи со останатите граѓански организации со цел подобро и поквалитетно информирање на граѓаните за теми кои се од особен јавен интерес.