• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ го напушти брифингот на Томовска

    ЗНМ го напушти брифингот на Томовска

    • Категории Соопштенија
    • Датум јули 4, 2016
    ЗНМ го напушти брифингот на Томовска

    Здружението на новинари на Македонија денеска учествуваше на брифингот организиран од Министерството за информатичко општество и администрација, на кој министерката Марта Арсовска Томовска го претстави Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

    По излагање на министерката Арсовска, претставниците на ЗНМ ги искажаа принципиелните ставови во врска со брифингот и предлог законот. Здружението одбива да учествува во материјална расправа за концептот на законот, поради лошо организираниот состанок од Министерството. Законот на веб страната на Собранието беше објавен непосредно пред средбата на која, пак, не беа поканети сите засегнати страни. Баравме, но не добивме објаснување зошто на средбата не се поканети колегите од Новинарскиот синдикат, Советот на етика, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и други. Министерката Томовска не успеа да не заштити од навредите на директорите на Канал 5 и Алсат-М Иван Мирчевски и Лирим Хајредини, кои со недоличен речник се нафрлија на претставниците на ЗНМ.

    Дополнително, министерката немаше одговор дали овој предлог закон е резултат на преговорите на политичките партии потписници на Пржинскиот договор или е само на владините партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Како и дали гаранторите на договорот, САД и ЕУ се запознаени и се во тек со процесот на изготвување на концептот на законот. Арсовска-Томовска се обиде да ги злоупотреби извештаите на меѓународниот фактор селективно интерпретирајќи делови со кои се согласува, занемарувајќи ги останатите делови.

    Генерален став на ЗНМ што беше потенциран на средбата, е дека со ваквиот закон ќе се легализира корупцијата медиумите, факт кој беше обелоденет од бомбите на опозицијата. На тој начин владините реклами ќе ги претворат медиумите во заложник на политичките и економските интереси на владата и на сопствениците на медиумите. Обврска на јавните институции е да ги направат достапни сите информации поврзано со нивната работа, а не јавните пари да ги користат за дневна промоција на владините политики. Со тоа медиумите стануваат огласна табла на владата платени со јавни пари.

    Владините реклами ќе имаат силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој владата досега беше најголем огласувач. Ваквата позиција на владата и дава можност да ја контролира уредувачката политика на медиумите и со тоа ќе ја задуши критиката.

    Наместо рекламирање, ЗНМ предлага истите пари што Владата ги троши за медиумска промоција да ги намени за субвенционирање на медиумите, за подобрување на квалитетот на медиумската содржина, збогатување на политички плурализам, поддршка за малцинските медиуми и за обука на новинари.

    Здружението предупреди дека со вакви погрешни концепти уште повеќе ќе се влоши состојбата со слободата на медиуми и стравува дека Македонија ќе остане во групата на неслободни земји, како што се Белорусија, Русија и Турција.

    Tag:Workspace, соопштенија

    • Share:
    author avatar
    viktor644

    Претходен

    Стратешка работилница на ЗНМ во Охрид
    јули 4, 2016

    Следен

    ЗНМ ги алармира САД и ЕУ за законот за владино рекламирање 
    јули 6, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    slika 2 vlada
    Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
    5 јуни, 2023
    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?