• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЗНМ: Да се забрзаат сите процеси за расчистување на нападите врз новинарите

    ЗНМ: Да се забрзаат сите процеси за расчистување на нападите врз новинарите

    • Категории Активности
    • Датум ноември 1, 2019

    Здружението на новинарите на Македонија денеска во Скопје организираше одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски испрати две пораки кои се важни за намалување на степенот на неказнивост во државата. „Првата порака ја упатуваме до јавноста, граѓаните, како и до политичките партии дека новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија. Втората порака ја испраќаме до институциите на С. Македонија и пред се до правосудните органи дека нападите врз новинарите мора да се процесираат во најбрз можен рок со цел да се заштити демократијата во нашата земја“, истакна Чадиковски.

    Според Чадиковски, неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја прави професијата неатрактивна за младите. Тој додаде дека во соработка со ССНМ и Министерството за правда се работи на измена на Кривичниот законик со цел нападите врз новинарите да се сметаат како напад на службени лица.

    На настанот беше најавена и изработката на Протокол за односи меѓу полициските службеници и медиумските работници за подобрување на безбедноста на новинарите и снимателите. „Со овој документ се покажуваат заедничките заложби за продолжување на соработката меѓу новинарите и МВР. Само така може да сме сигурни дека во случај на напад на новинар институциите ќе реагираат на начин преку кој ќе се најдат сторителите и истите потоа ќе бидат санкционирани“, рече Чадиковски.

    Гостин на настанот беше претставникот на Репортери без граници, Ерол Ондероглу. Тој ја пофали соработката меѓу новинарите и Министерството за внатрешни работи во насока на подобрување на безбедноста на новинарите. „Со зголемување на безбедноста на новинарите и со спроведување на медиумските закони Северна Македонија може да напредува на светскиот индекс за слобода на изразување на Репортери без граници“, истакна Ондероглу. Тој порача дека земјата треба да ја врати својата позиција на оваа листа заедно во друштво со развиените демократии.

    Настанот беше организиран во рамки на проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Северна Македонија“, а воедно претставува и продолжување на соработката која ЗНМ ја има со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи.

    (Фото: МИА)

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ организира одбележување на 2-ри ноември, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите
    ноември 1, 2019

    Следен

    Остра осуда за навредите на Панчевски кон новинарите
    ноември 19, 2019

    Можеби ќе Ве интересира

    Совет на честа
    Одговор на претставка против Зоран Божиновски
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ со пријава до МВР за закани на социјални мрежи
    5 февруари, 2023
    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?