• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Зголемен наградниот фонд и продолжен рокот за аплицирање за новинарските награди на ЗНМ

    Зголемен наградниот фонд и продолжен рокот за аплицирање за новинарските награди на ЗНМ

    • Категории Активности
    • Датум февруари 13, 2019

    Здружението на новинарите на Македонија успеа да обезбеди средства за зголемување на наградниот фонд за годишните награди за новинари за 2018 година. Поради ова, како и поради големиот интерес, ЗНМ реши да го продолжи крајниот рок за аплицирање за наградите. Новиот рок за аплицирање е продолжен за една недела, односно, може да се аплицира за една од наградите најдоцна до 20.02.2019.

    ЗНМ традиционално секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство.

    Оваа година, Управниот одбор на ЗНМ во согласност со Статутот, одлучи да додели уште една награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2018 година на новинари од внатрешноста на Македонија.

    –         За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Во пријавата освен личните податоци на кандидатот и кратка биографија, се доставува и кратко образложение за остварувањата на кандидатот, што оставиле посебна трага во македонското новинарството,

    –         Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Медиумските продукти треба да бидат сериозни новинарски истражувања објавени во 2018 година во медиумите во Македонија, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и моќта, кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални и поткрепени со факти проверени од разни извори на информации,

    –         За наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2018 година се пријавуваат новинари кои имаат објави во локални или регионални медиуми или се дописници на национални медиуми во Македонија. Пријавата и за оваа категорија може да биде од самиот новинар или по предлог на тројца колеги.

    Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство и новинарско известување на теми од локално и регионално значење се доставува медиумскиот продукт во изворен формат и дополнителни две копии.

    Апликациите и пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 20 февруари 2019 година.

    Апликациите за трите награди може да се достават:

    – По пошта, адресирани на Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, Р.М.;

    – По електронска пошта на: contact@znm.org.mk или

    – Лично во канцеларијата на ЗНМ

    Пријавите треба да бидат означени: „За НАГРАДА“.

    На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2018 година ЗНМ успеа да обезбеди дополнителни средства, односно, првонаградените ќе добијат плакета, како и парична награда во износ од 1.000 евра во денарска противвредност по награда.

    Изборот на добитниците ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.

    Лице за контакт за информации околу аплицирањето за наградите: Елизабета Столева – 02/3298-139 или на електронска адреса:contact@znm.org.mk

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Одговор на претставка добиена од ТВ Алфа
    февруари 13, 2019

    Следен

    Министрите да научат да комуницираат со новинарите
    февруари 21, 2019

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023
    ZNM
    На иницијатива на ЗНМ, одржана втора средба во АВМУ на тема – зајакнување на дописничката мрежа на националните концесионери
    31 јануари, 2023
    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?