• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Започнаа обуките за млади новинари-истражувачи

    Започнаа обуките за млади новинари-истражувачи

    • Категории Активности
    • Датум ноември 22, 2017

    Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Американската амбасада во Македонија го започнаа циклусот на обуки за младите новинари, истражувачи и граѓански активисти. Тема на овие обуки ќе биде: „Унапредување на техники за истражување и креативно презентирање“.

    Интерактивните предавањата ќе ги спроведат Зоран Димитровски (одговорен уредник на неделникот „Фокус“), Зоран Ричлиев (новинар и консултант за дигитални медиуми), а еднаш месечно онлајн предавање ќе држат и експертите од областа на новинарските истражувања од истражувачкиот центар MuckRock од САД.

    „Оваа обука е дел од еден нов и иновативен пристап на едукација кој што е поддржан од Стејт Департментот. Ова прв ваков проект во светот кој што го поддржуваме, а доколку се покаже како успешен ќе продолжиме да го спроведуваме во Македонија, но и во другите земји. По информациите кои ги добивме дека студентите по новинарство во Македонија немаат практична настава на факултетите, решивме да организираме обуки кои ќе им го овозможат токму тоа“, истакна Бен Лингеман, кој работи како асистент на советникот за односи со јавност во Амбасадата на САД во Скопје.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, и се заблагодари на Американската амбасада која секогаш давала поддршка на ЗНМ во борбата за слобода на говорот и медиумите. Тој истакна дека овој вид на обуки се од огромна важност за младите новинари и истражувачи. „Во новинарството многу е важно да знаете да дојдете до веста. Најчесто за да дојдете до значајните вести треба длабоко да истражите и да анализирате многу податоци. Оваа обука токму тоа го има за цел. Да научите да ја препознаете веста, а потоа да ја пласирате на начин кој ќе биде разбирлив за целата јавност“.

    На учесниците на обуката им се обрати и обучувачот Зоран Ричлиев, кој нагласи дека очекува по завршувањето на обуките од оваа група да излезат новите ѕвезди на македонското истражувачко новинарство.

    Новинарските продукти кои ќе произлезат од обуките, ќе бидат објавени на веб страната на ЗНМ и тие ќе бидат промовирани и достапни за јавноста заедно со авторите кои ќе бидат дел од процесот на оваа обука.

    Учесниците кои успешно ќе го завршат овој циклус на обуки ќе се здобијат со сертификати за учество на пригоден настан организиран од ЗНМ и Американската амбасада во Скопје.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Селмани предупреди, Владата сака да воведе цензура во медиумите
    ноември 22, 2017

    Следен

    Селмани: Владата сака да има монопол над вистината
    ноември 22, 2017

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?