Започна циклусот на обуки за млади новинари

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Alfred Friendly Press Partners започнаа со спроведување на обуките за млади новинари. Овој циклус на обуки е поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, а има за цел да ги подобри новинарските вештини на една група млади новинари.
На отворањето на овој циклус на обуки, пред младите новинари се обрати и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски. Тој им порача дека преку овие обуки тие ќе се здобијат со вештини со кои ќе можат поефективно да ја вршат својата работа. „На тој начин очекуваме во иднина овие новинари да дадат позитивен пример за тоа како треба да известуваат новинарите во Република Северна Македонија, а со тоа ќе добиеме подобро информирана публика и јавност“, истакна Чадиковски.
Вкупно ќе се одржат пет работилници во различни градови од државата, а ќе се обработуваат теми како што се: новинарството базирано на податоци, мобилно новинарство, продукција на аудио и видео материјали, ефективно презентриање на вестите и слично.
По завршувањето на циклусот на обуки, учесниците освен што ќе се стекнат со драгоцени знаења кои ќе можат да ги користат во своето понатамошно работење, ќе добијат и сертификати за успешно поминати обуки.