• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Заклучок на четирите апелациони судови: онлајн медиумите се медиуми

    Заклучок на четирите апелациони судови: онлајн медиумите се медиуми

    • Категории Активности
    • Датум мај 10, 2019

    Четирите апелациони судови во Република Северна Македонија донесоа заклучок дека онлајн медиумите кои како странки се јавуваат пред првостепените граѓански судови при одлучување во постапки за навреда и клевета, мора да имаат ист третман како и традиционалните медиуми.

    Во заклучокот, четирите аплеациони судови констатираат дека има одговорност за навреда и клевета на главниот и одговорен уредник на издавачите на електронските публикации и воопшто сите останати видови електронски медиуми за содржини објавени во истите.

    Ова значи дека во иднина сите граѓански судови во државата, вклучувајќи го и Основниот суд во Скопје ќе мора да ги почитуваат деловите од овој закон со кои се штитат правата на новинарите и уредниците, но и на самите медиуми како што се на пример: исклучување на одговорност од клевета и навреда, изнесување на факти кои се однесуваат на јавен интерес со повикување на сериозни извори на сознанија за нивната вистинитост, ублажување на штета преку барање за извинување и јавно повлекување, право на демант и одговор, немање на одговорност ако новинарот постапувал со внимание во согласност со етичките стандарди во согласност со професионалните стандарди на новинарската професија итн.

    Со оваа измена, се штити и јавноста од непрофесионално новинарство, а истовремено сите граѓански судови се обврзани да ги штитат и онлајн медиумите кои работат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите.

    Заклучокот е во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права, а индиректно треба да помогне за да спласнат обидите на политичките партии да иницираат дополнителна регулација на онлајн медиумите со што може да се ограничи слободата на изразувањето.

    Оваа активност е резултат на претходните напори на ЗНМ да ги убеди претседателите на граѓанските и апелационите судови, но и на Врховниот суд дека праксата за овие прашања мора да биде синхронизирана на граѓанскиот суд во Скопје со останатите граѓански судови во државата, а во согласност со праксата на ЕСЧП со цел заштита на новинарите и медиумските работници. Заклучокот за оваа новина на барање од ЗНМ беше доставен од Апелациониот суд во Гостивар од Претседателот Шефајет Хајдари.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Собранието да ги забрза реформите, a Владата да се воздржи од оценки за работата на МРТ
    мај 10, 2019

    Следен

    ЗНМ потпиша Меморандум за соработка со Народниот правобранител
    мај 15, 2019

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?