mladen-cadikovski

Младен Чадиковски

Претседател

Основани сме во 1946 година и членови на Меѓународната федерација на новинарите. ЗНМ е независно, самостојно, невладино и непартиско здружение, чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди и на слободата на изразување.

Посебни цели и задачи на ЗНМ

  1. Одбрана на слободата на печатот, радиото, телевизијата и на другите медиуми;
  2. Борба против нивната злоупотреба, создавањето монополи и било какви форми на цензура на штета на вистинитото, целосното, непристрас-ното и навременото информирање на јавноста;
  3. Заштитување и унапредување на слободите, правата и одговорноста на новинарите, врз основа на Уставот и законите на Република Македонија, Статутот и актите на ЗНМ, како и меѓународните документи што се однесуваат на слободата на јавните гласила, и остварувањето на изразувањето и информирањето како основни човекови права;
  4. Заштита на угледот и достоинството на новинарот и новинарската професија и ја заштитува и поттикнува слободата на критичкиот и креативниот труд; и
  5. Застапување на членовите, претставување пред општествената заедница, активно учество при подготовката на законските прописи и меѓународни конвенции од интерес на професијата и одбрана на професионалниот интерес согласно Кодексот на новинарите на Македонија.
2541
Број на членови
830
Број на активни членови
74
Години од основање
130
Професионални онлајн медиуми

Нашата Визија

Новинарите во Република Македонија работат во медиуми каде се обезбедени основните права и слободи, гарантирани се професионалните и материјалните услови за работа, постои висока солидарност меѓу нив во случаи на прекршување на слободата на изразување и се потврдени професионалните стандарди, етика и интегритетот на новинарската професија.

Нашата Мисија

ЗНМ е водечка национална организација која ги обединува новинарите во РМ за заштита на слободата на говорот, независноста на медиумите, преку залагање за почитување на највисоките европски стандарди за работа на медиумите и на новинарите. Се стреми кон зголемување на новинарската солидарност и заедништво, како и кон подигање на професионалното ниво и етичките норми на новинарите вo РМ.

“Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Цензурата е забранета. ”

Член. 16 од Устав на Република Северна Македонија

Структура

Собранието како највисоко тело на ЗНМ го избира Претседателот, Управниот одбор, Надзорниот одбор и членовите на Советот на честа

mladen-cadikovski

Младен Чадиковски

Претседател

Управен одбор

зехран

Зехран Миратов

МРТ
Бењамин Арифи

Бењамин Арифи

ТВ ШЕЊА
Adnan Hajdari

Аднан Хајдари

МРТВ 2
misko-ivanov-100×100

Мишко Иванов

Телевизија 24
Сашко Димевски

Сашко Димевски

МИА
Slobodanka Jovanovska

Слободанка Јовановска

Независен весник
Среќко Поповски

Среќко Поповски

360 степени
Saska Cvetkovska

Сашка Цветковска

ИРЛ Македонија
Кристина Мачкиќ

Кристина Мачкиќ

Досие.мк
Filjana Koka

Фиљана Кока

Потпретседател | МРТВ

Надзорен одбор

20294515_1566365793408002_40816778653492622_n-300×300

Адриан Керими

Алсат-М
-ковер-e1518218211623

Ирена Мулачка

Фокус
мери_јордановска

Мери Јордановска

Макфакс
natasha

Наташа Стојановска

Телевизија 24
0

Семи Мехмети

Алмакос

Регионални центри

Башким Сулејмани

Башким Сулејмани – Тетово

email: bashkim1us@yahoo.com
Фросина Лазаревска

Фросина Лазаревска – Куманово

email: f.lazarevska@gmail.com
Жанета Здравковска

Жанета Здравковска – Битола

email:zane_zdravkovska@yahoo.com
Горан Момировски

Горан Момироски – Охрид

еmail: g_momiroski@yahoo.com
Ристо Тасев

Ристо Тасев – Струмица

email: rtasevsr@t.mk
Тони Михаилов

Тони Михаилов – Штип

email:tstip@hotmail.com

Извршна канцеларија

sekulovski-600×400

Драган Секуловски

Извршен директор