• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Власта да ги разреши партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на МРТ

    Власта да ги разреши партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на МРТ

    • Категории Соопштенија
    • Датум јуни 29, 2018

    Загрижени сме што опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку фиктивна амандманска расправа во собраниската комисија за транспорт и врски, го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    Предложениот закон доби широка поддршка од новинарската заедница и помина меѓународна експертиза од ОБСЕ и Советот на Европа. Тој е клучен за почнување на медиумските реформи во Македонија, кои треба да го подобрат квалитетот на новинарството.

    Овој закон го укинува коруптивниот систем за субвенционирање на домашна продукција во националните приватни телевизии, нуди нов модел за избор на управните органи на МРТ и Агенцијата за медиуми, кој е поотпорен на политички влијанија, а со него драстично се намалуваат и казните за медиумите.

    Единствениот недостаток на овој закон е што не обезбедува стабилно и одржливо финансирање на МРТ и Агенцијата за медиуми, што е услов за нивната независност и професионалност. Чудно е што од околу 80 амандмани поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не се однесува на овој клучен недостаток на законот.

    Ова покажува дека главна преокупација на пратениците на опозицијата не е судбината на МРТ, туку, како преку одолговлекување на расправата да ги заштити нивните партиски војници во Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми.

    Несфатливо е зошто ВМРО-ДПМНЕ се противи на изборот на нов состав на програмски совет на МРТ и на Советот на Агенцијата кога од нивниот глас зависи кој ќе биде избран.

    Јавно повикуваме, претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуровска идната недела да закаже продолжување на расправата по законот, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекинат лажната дебата и да дозволат Собранието да ги изгласа измените.

    Во спротивно, парламентарно мнозинство,  треба да ја преземе одговорноста и да ги деблокира реформите во медиумите. Ако опозицијата продолжува да се однесува неконструктивно, бараме Комисијата за прашањата за избори и именувања да утврди престанок на мандатот на тројца членови на Програмски совет на МРТ и на еден член во Советот на Агенцијата за медиуми затоа што при нивниот избор не е почитувана законската процедура. Комисијата, треба да започне постапка за пополнување на испразнетите места во Советите, согласно одредбите на постојниот закон за АВМУ.

    Ако парламентарното мнозинство не постапи на овој начин, ќе се доведе во прашање нивната искрена посветеност за усвојување на измените на законот за АВМУ и за спроведување на медиумски реформи.

    Tag:Workspace

    • Share:
    author avatar
    viktor644

    Претходен

    Одговор на Претставка од МОРМ за емисиите ,,Блиц“ на авторот Љупчо Златев емитувани на 07.05. 2018 и 14.05.2018 на Алфа ТВ
    јуни 29, 2018

    Следен

    ЗНМ бара судовите да применуваат, а не да толкуваат закони
    јули 5, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    169-31-1536×864
    ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски
    13 октомври, 2026
    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    169 (77)
    ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка
    7 август, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?