Владата организира дебата за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Ви ја пренесуваме пренесуваме интегрално поканата за дебата, во која освен новинарите се повикуваат сите заинтересирани иституции, здруженија и граѓани да дискутираат за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Почитувани,
Ве покануваме на јавна дискусија, на која повторно ќе разговараме за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На јавната дискусија говорници ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.
Јавната дебата ќе се одржи на 20.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ (свечена сала).
Целта на оваа дебата е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.
Освен претставници на релевантни институции и асоцијации, јавната дебата е отворена за сите заинтересирани граѓани.
Марија Теговска, MA
Советник за односи со јавност
Кабинет на министер