Тони Михајловски казнет со три месеци условна казна затвор за користење на говор на омраза

Кривичниот суд донесе пресуда против Тони Михајловски за јавните закани против новинарот Бранко Тричковски изнесени на социјалната мрежа Фејсбук во јуни 2017. Михајловски е казнет со три месеци условна казна затвор, ако во рок од 1 година не го повтори делото.
На целиот случај му претходеше пријавата на ЗНМ до Јавното обвинителство за кривично гонење за прекршување на членовите 144 и 386 од Кривичниот законик.
ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот и ги повикува сите надлежни институции во иднина побрзо и поефикасно да реагираат кога се користи говор на омраза и закани по безбедност на новинарите.