ХЕДАЈА

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Здружението на граѓани за развој на демократија ИЕП и Институтот за мир, безбедност и истражување на политиките КОНИЦА во период од декември 2019 до декември 2020 година ќе го спроведуваат проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“. Главната цел на овој проект е да се зајакне капацитетот на медиумите и државните власти да комуницираат за насилниот екстремизам и тероризам на начин што ќе ја намалува заканата од истиот. Делот од буџетот на ЗНМ за спроведување на овој проект изнесува 34,098 ЕУР.

Приоритети на овој проект се едукација на идните новинари, медиумски работници, професионални новинари, уредници и радиодифузери. Решавање на тековниот предизвик за известување за насилниот екстремизам и тероризам кој во најголем број случаи не успева соодветно да го испита радикалниот наратив, а во најлош случај, помага на нивните цели.

СИГРИД РАУЗИНГ ТРАСТ

На Здружението на новинарите на Македонија му е доделен институционален грант од Сигрид Раузинг Траст (СРТ) во висина од 45.000 фунти и истиот е со време траење од 12 месеци, а започнува со имплементација во јуни 2019 година. Целта на грантот е да се помогне работата на ЗНМ во насока на исполнување на мисијата и визијата на ЗНМ како и на стратешките цели на Здружението предвидени во Статутот и во тригодишниот стратешки план.

Организацијата СРТ со седиште во Лондон, Велика Британија е основана во 1995 година и нуди поддршка и финансиска помош за заштита и промоција на човековите права на глобално ниво.

Целта на СРТ е да ги промовира вредностите и принципите на човековите права и слободи, еднаквоста и владеењето на правото и да ја зачува природата од понатамошнo уништување. Преку своите фондови тие поддржуваат застапување, креативност, истражување и стипендии за остварување на овие цели.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Регионален проект: „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”.

Во соработка помеѓу шест независни новинарски здруженија од западен Балкан, ЗНМ заедно со партнерските организации од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија ќе се залагаат за застапување на стандардите на ЕУ за слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и медиумскиот плурализам.

Специфична цел на овој проект е создавање на онлајн платформа „Систем за рано предупредување и превенција“ како механизам за заедничко лобирање за имплементација на стандардите на ЕУ во областа на медиумите и превенција на злоупотреба, преку градење на капацитетите, вмрежување и размена на знаења помеѓу шесте регионални здруженија на новинарите.

Проектот е финансиран од страна на Европската комисија, како дел од програмата за медиуми за поддршка на регионалните тематски мрежи на организации од граѓанското општество.