• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ССНМ и ЗНМ со поддршка за новинарите на Утрински весник

    ССНМ и ЗНМ со поддршка за новинарите на Утрински весник

    • Категории Активности
    • Датум ноември 8, 2016

    Новинарските организации денеска на прес конференција во Клубот на новинарите јавно се солидаризираа со колегите од дневниот весник Утрински весник, кои од менаџментот на Медиа принт Макединија добиле непристојна понуда да избркат од работа десетина новинари или ако тоа не биде прифатено да го згаснат весникот.

    Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинарите побараа од менаџментот на МПМ да се откаже од намерата да отпушта новинари и да седне на сериозни разговори со синдикатот за остварување на работните права на новинарите. Претседателот на ССНМ и ЗНМ, Тамара Чаусидиас и Насер Селмани повика новинарите да покажат поголема солидарност со колегите од Утрински и да ги поддржат идните активности на еснафот против нови отпуштања во МПМ, за редовно плаќање на хонаририте на дописниците и на отпремнините на досега отпуштените новинари.

    Чаусидирс рече дека за лошите финансиски резултатит на компанијата не се виновни новинарите, туку менаџерите, кои нивниот неуспех го решаваат преку намалување на плати на новинари и откази. „Намалените тиражи на весниците најмногу се последица на  слугински однос на сопствениците кон власта, кој продуцира лош весник“, рече Чаусидис.

    Таа го обвини менаџментот на компанијата за непочитување на досегашните договори со синдикатот. „ Намалија плати за да нема бркање на одреден период. Платите останаа намалени, откази се поделија. Само од Вест беа избркани 14 врвни новинари, на кои сега не им се исплаќа отпремнина, а на десетина дописници од цела Македонија со месеци не им се исплаќа хонорарот“, истакна Чаусидис.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги поддржа напорите на ССМН во заштита на правата на новинарите од МПМ и силно се солидаризираше со барањата на колегите од Утринскуи весник.

    Тој потсети на аманетот на основачот на американскиот реномиран весник Њујорк Тајмс, Хенри Рејмонд, кој во 1851 година им порачал на новинарите дека не смеат да дозволат весникот да биде изборен памфлет, односно алат или роб на одредена партија.

    „ Тоа што на Рајмонд му беше јасно во 1851 година, на сопствениците на МПМ Срѓан Керим и на Орце Камчев, не им е јасно во 2016 година. Што е разликата меѓу основачот на Њујорк Тајмс и на сопствениците на МПМ. Рејмондс беше демократ и живееше во демократска земја. Керим и Камчев ни се демократи, ниту живеат во демократска земја. Тие се производ на советскиот модел на диктатура, кој потоа прерасна во формална демократија, кое го гледаме во нашата земја и нашето опкружување скоро 30 години по распадот на социјалистичкиот блок“, рече Селмани.

    Според него, советскиот модел на демократија, кој е воспоставен во Македонија, медиумите ги третира како  пропаганда машинерија за промовирање на интересите на врхушката на власт, а не за информирање на граѓаните.

    Новинарот на Утрински весник Љубиша Станковиќ потсети дека проблемите во весникот траат од 2011 година и оттогаш новинарите се под перманентен притисок. „Но ставот на Утрински е дека „ниту еден не смее да биде отпуштен од работа и како знае нека се справи менаџментот со тоа“, рече Станковиќ.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Новинарскиот форум: Партиите да ги објават понудите за медиумски реформи
    ноември 8, 2016

    Следен

    ЗНМ се согласува со оценките на ЕУ за медиумите
    ноември 10, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023
    ZNM
    На иницијатива на ЗНМ, одржана втора средба во АВМУ на тема – зајакнување на дописничката мрежа на националните концесионери
    31 јануари, 2023
    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?