• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Советот на АВМУ го политизира годишниот извештај

    Советот на АВМУ го политизира годишниот извештај

    • Категории Активности
    • Датум март 29, 2017

    Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера го усвои Извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, изготвен од стручната служба, во кој на објективен начин се преставува работата на националните телевизии од изминатата година. Врз основа на мониторингот на програмата на националните телевизии, во извештајот се констатира дека во неколку наврати на ТВ Сител и во емисијата на Миленко Неделковски која се прикажуваше на ТВ Канал 5 се користел говор на омраза. Исто така, во извештајот се нотира дека има континуирано прекршување на професионалните стандарди од страна на ТВ Алфа и на ТВ Нова.

    Советот наместо да го одобрат извештајот, усвоиле нов заклучок, кој не се базира со анализата на стручната служба на Агенцијата, туку на личното убедување на членовите: Лазо Петрушевски, Селвер Ајдини, Миљаим Фетаи и Алма Машовиќ дека ТВ Сител, ТВ Нова, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, Телма, 24 Вести и ТВ Шења, биле политички пристрасни.

    На ваквите паушални оценки на претседателот на Советот на Агенцијата Лазо Петрушевски се спротивставил Зоран Фиданоски, член на Советот, кој побарал да се одбие ваков заклучок.

    „Овој став е политички мотивиран и со него се сака да се стави знак на еднаквост меѓу медиуми за кои во мониторингот не биле констатирани прекршувања на професионалните новинарски стандарди, со оние за кои има десетици пријави за прекршување на стандардите и констатиран говор на омраза“, изјави Зоран Фиданоски, на денешната прес конференција организирана од ЗНМ.

    Фиданоски оцени дека Советот со ваквиот заклучок ја девалвира работата на стручната служба на Агенцијата и необјективно ја преставува работата на националните телевизии.

    Тој се сомнева дека ваквиот заклучок на Советот е донесен по нечиј политички диктат и е целосно спротивен на мисијата на Агенцијата.

    Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ваквиот заклучок на Советот на АВМУ го оцени како непримерен и непрофесионален, со што се потврдуваат ставовите на Здружението дека медиумскиот регулатор е политизиран и партизиран.

    „Ова е уште еден аргумент зошто треба да се изберат нови членови на Советот на Агенцијата за медиуми. Во Советот треба да членуваат независни, стручни и компетентни личности, кои вистински ќе се грижат за создавање на слободни и професионални медиуми, а не да работат на спасување на образот на непрофесионалните медиуми“, рече Селмани.

    Тој побара од Собранието на Македонија да не го усвои Извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2016 година и да го врати на доработка, со цел да се избрише вештачки вградена квалификација дека сите национални телевизии биле политички пристрасни.

    29.03.2017 година, Скопје

    Извештајот е достапен подолу на линкот.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ од Истокот ги врачи наградите за најдобрите новинари
    март 29, 2017

    Следен

    Фридом Хаус: Македонија неслободна земја за медиуми
    април 5, 2017

    Можеби ќе Ве интересира

    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?