
Саше Димовски
СВЕДОК.МК
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Советот на честа е саморегулаторно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство наведени во Кодексот на новинарите на Македонија.
Доброто или етичното новинарство е во интерес на јавноста. Тоа нуди информации кои се точни, проверени, избалансирани. Таквото новинарство е глас на јавноста и тоа не е и не смее да биде партизирано и мора да прави разлика меѓу фактите, коментарот и мислењето – со што практично ќе се разликува од пропагандното новинарство, или од таблоидното – кои задоволуваат некакви други цели или интереси и кои не се придржуваат целосно на Кодексот. Со запазувањето, почитувањето и промовирањето на Кодексот се подобрува кредибилитетот на медиумите во јавноста и тие се доживуваат не само како слободни туку и како одговорни. Во исто време, почитувањето на Кодексот го штити и самиот новинар – бидејќи му дава право да не прифати нешто што не е во согласност со професионалните стандарди и воедно го иззема од судот на другите оставајќи го на судот на колегите.
Секој граѓанин може да достави претставка до Советот на честа ако се сомнева дека некој новинар во неговото известување ги прекршува професионалните стандарди и етика. Советот на честа има обврска да ја разгледа претставката и да утврди дали новинарот известувал согласно со Кодексот на новинари.
Контактирајте го Советот на: contact@znm.org.mk
ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ЧЕСТА

Саше Димовски
СВЕДОК.МК

Огнен Јанески
ТВ 24

Мира Костиќ
МРТВ

Емилија Мисирлиевски
ТВ ТЕЛМА

Игор Стефановски
КАНАЛ 5