• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Соработка на ОБСЕ и ЗНМ за поголема безбедност на новинарите

    Соработка на ОБСЕ и ЗНМ за поголема безбедност на новинарите

    • Категории Активности
    • Датум март 28, 2018

    Здружението на новинарите на Македонија и делегацијата на ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка, каде се предвидени организирање на обуки и настани, кои имаат за цел да се подобри безбедноста на новинарите и да се подобри квалитетот на известувањето на новинарите. Меморандумот предвидува организирање шест обуки за новинари и припадници на  полицијата, кои ќе бидат посветени на покривање на настани од висок ризик. Во рамките на овие активности ќе се објави и прирачник за безбедноста на новинарите, а со заеднички настан ќе се одбележи и 2-ри Ноември, Меѓународниот ден за борба против неказнивоста на насилството против новинари.

    Амбасадорката Суомалаинен рече дека потпишувањето на меморандумот за соработка со ЗНМ има симболично значење бидејќи со тоа официјално се продолжува соработката во сферата на слободата на медиумите по пауза од околу една декада.

    „Се надевам дека нашата соработка, која официјално отпочна денеска ќе води кон безбедна средина за новинарите. Како што прочитав на еден од ѕидовите на вашето здружение, слободата на говорот дефинитивно е водилка во една демократија“, рече амбасадорката Суомалаинен.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршката и охрабрувањето на новинарите за справување со проблемите во минатото со слободата на говорот. Селмани рече дека треба да се искористи подготвеноста на МВР и на Јавното обвинителство да се разговара за зголемување на ефикасноста на истрагите за сите напади на новинари и да се изгради институционален механизам за превенција и казнување на таквото насилството.

    „Нема да ја подобриме слободата на говорот во Македонија ако институциите немаат волја и капацитет ефективно да ги истражат сите напади на новинари. И не само тоа, оние што се осудуваат да напаѓаат новинарите мора да бидат изведени брзо пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна. Со тоа системот ќе прати јасна порака до сите дека насилството врз новинари е неприфатливо и нема да се толерира во иднина“, истакна Селмани.

    Тој рече дека слободата на говорот е голема цивилизациска придобивка, но таа во исто време е и одговорност. Според него, дел од обуките ќе се посветат и на запознавање на новинарите со праксата на Европскиот суд за човекови права. „Убедени сме дека ваквите обуки ќе го подобрат известувањето на новинарите затоа што тие точно ќе знаат каде завршува слобода и започнува нивната одговорност. Со тоа ќе спречуваме и евентуална самоцензура во медиумите“, додаде Селмани.

    Амбасадорката Суомалаинен и претседателот на ЗНМ Селмани заеднички ги осудија вербалните закани на обвинителот Бахри Шабани врз новинарот на Алсат-М, Ардиан Керими.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Се бара еднаков третман на нападите врз новинарите и политичарите
    март 28, 2018

    Следен

    Советот на честа донесе пет одлуки
    април 12, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?