Собранието на ЗНМ побара ослободување на новинарот Божиновски

Ослободување на новинарот Зоран Божиновски од истражаниот затвор во Скопје побараа македонските новинари од Редовното неизборно Собрание на ЗНМ, кое се оджа на 23 април во Велес.
Членовите на ЗНМ со акламација усвоија декларација со која се солидаризираат со колегата Божиновски, кој минатата недела беше естрадиран од Србија, по потерница од Интерпол, како еден од осмничените во случајот Пшион.
Поради неможноста во Македонија да му се овозможи праведен судски процес и поради политичкиот прогон, Божиновски во меѓувреме побара азил во Република Србија. И покрај настојувањата на здруженијата на новинарите на двете земји српските власти да му дадат азил на Божиновски, тие на 21 овој месец експресно го екстрадираа во земјава каде беше притворен.
Новинарите се уверени дека неговиот случај ќе биде забележан во историјата на македонското новинарство, како класичен пример на дисциплинирање и потикнување на самоцензура кај новинарите.
„Тоа е уште една лоша порака за останатите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот и целосно обесхрабрување на истражувачкото новинарство во земјава“, се вели во усвоената декларација.
Според новинарите, обвинувањата на сметка на Божиновски се политички монтирани и го уверуваат дека заеднички ќе се борат за негово ослободување.