• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Со новинари во затвор нема слобода на медиуми

    Со новинари во затвор нема слобода на медиуми

    • Категории Соопштенија
    • Датум мај 3, 2016

    Додека целиот демократски свет го слави денот на слободата на печатот, ние дојдовме пред затворот во Шуто Оризари затоа што неговата симболика најдобро зборува за нашата неслобода.

    Зад овие ѕидини е притворен новинарот Зоран Божиновски, поради неосновани обвиненија. Неговата единствена вина е што имаше храброст да пишува за грдото лице на власта, за нејзините лаги, криминал и неморал.

    Тие што Македонија ја претворија во Големо уво не можат да обвинат други за шпионирање. Амнестираните за криминал не можат да впеат прст против други за наводно злосторничко здружување. Со кој образ оваа власт може да обвини новинар за уцена, кога владеат единствено преку уцени и притисоци.

    Силно се солидаризираме со колегата Божиновски и сакаме да го увериме дека остануваме со него се додека не биде слободен.

    Новинарите се затвораат, се тепаат, заплашуваат, прислушуваат, етикетираат и се дискредитираат со единствена цел да не говорат за злоупотребите на власта. Медиумите поради корупциските врски со власта, станаа пропагандна машинерија за манипулација со граѓаните.

    Власта упорно одбива реформи во медиумите, кои значително ќе ја подобрат состојбата со слободата на изразувањето. Мора да престане насилството врз новинарите, а насилниците најостро да се казнат. Македонската радио-телевизија мора да биде сервис на граѓаните и медиумскиот регулатор мора да биде независен од политички влијанија.

    Уставот на Македонија ја гарантира слобода на печатот, но власта не дозволува ова право да заживее. Јасно и порачуваме на власта дека под ниедна цена, нема да се откажеме од нашата борба за слободата на изразувањето.

    Tag:soopstenija, Workspace

    • Share:
    author avatar
    viktor644

    Претходен

    Собранието на ЗНМ побара ослободување на новинарот Божиновски
    мај 3, 2016

    Следен

    ЕУ ги поддржува напорите на ЗНМ за слобода на изразување
    мај 5, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230127_141258
    ЗНМ и МВР: преку подобра комуникација до поголема безбедност на медиумските работници
    28 јануари, 2023
    Untitled-design SJN napad
    SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати
    27 јануари, 2023
    ZNM
    Чадиковски до Митрев: Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес
    25 јануари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?