• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SJ: КРИК од Србија доби смртна закана на Твитер

    SJ: КРИК од Србија доби смртна закана на Твитер

    • Категории Соопштенија
    • Датум декември 1, 2021

    Мрежата за известување за криминал и корупција (КРИК), редакција која известува за криминалот и корупцијата во Србија, доби смртна закана, во средата на 1 декември преку нивниот профил на Твитер.

    Откако објавија сторија за началникот на полицијата кој наредил да се избрише тајната снимка на таткото на министерот Стефановиќ, лицето со име Ѓорѓе Павловиќ со профил „@ore05995944“ напишал објава на Твитер дека „ќе ги запали и убие сите“.

    Бојана Јовановиќ, истражувачки репортер и заменик-уредник на КРИК, за SafeJournalists Network изјави дека според нејзиното мислење „причината за таа закана е дефинитивно написот што го објавија денеска за синот на претседателот на државата, Данило Вучиќ дека е менаџер на еден од најбараните млади фудбалери Душан Влаховиќ, иако заканата е напишана под сосема друг напис“.

    „Причина за тоа е тврдењето на провладините таблоиди дека ова е напад врз претседателот и неговото семејство. Тоа е дефинитивно последица на лошата атмосфера во општеството која што ја создаваат владата и нејзините медиуми“, рече таа.

    Претседателот на Независното здружение на новинари на Србија, Жељко Бодрожиќ, рече дека ваквите закани се последица на арогантното и бесно однесување на властите кон медиумите.

    „Истражувачките новинари во Србија се мета на секакви бесни луѓе кои од високите државни функционери слушаат дека новинарите се предавници. Оваа закана мора да се санкционира, но и светот треба да биде свесен за проблемите со кои се соочува новинарската професија во Србија“, рече тој.

    КРИК и нивните новинари многу често се мета на закани, навреди но и на кривични дела како што е кражбата. Три жени новинари од КРИК беа жртви на кражба, но сите три случаи се сѐ уште во предистражна постапка.

    Нашата мрежа веќе подолго време предупредува дека против овој медиум се води опасна кампања предводена од провладините таблоиди, а понекогаш и поддржана од пратеници во српското Собрание и високи државни функционери. Исто така, забележуваме дека институциите не реагираат доволно ефикасно на оркестрираните напади врз овој медиум.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци од Западен Балкан, се придружува на нејзината членка IJAS во осудата на оваа смртна закана. Бараме од српската полиција и обвинителство да го гонат лицето зад заканата што е можно поскоро.

    Мрежата ,,SafeJournalists” која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, дава подршка на својот член и ја осудува оваа смртна закана.

    Бараме од српската полиција и обвинителство што поскоро кривично да го гонат лицето кое се заканува.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни актери за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 01.12.2021

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружението на новинари на БХ

    Хрватското здружение на новинари

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    фото: N1

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Реализирана кампања во рамките на регионалниот проект: „Унапредување на дијалогот помеѓу новинарските здруженија и парламентите од Западен Балкан за посилен граѓански сектор“
    декември 1, 2021

    Следен

    Чадиковски: Обвинителството да го прекине прогонот кон колегата Момироски
    декември 2, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    SafeJournalists-announcement-30.03.2023
    SafeJournalists: Закани за новинарката Жаклина Таталовиќ на Твитер во Србија
    30 март, 2023
    Untitled-design-1-3
    SafeJournalists: Напад со огнено оружје врз Топ чанел во Албанија, убиен чувар
    27 март, 2023
    SJ-announcement-24.3.2023.
    SafeJournalists: Новинарите се цел на закани и онлајн говор на омраза во Босна и Херцеговина
    24 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?