• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Хрватскиот медиум Фактограф мета на закани

    SafeJournalists: Хрватскиот медиум Фактограф мета на закани

    • Категории Соопштенија
    • Датум декември 15, 2021

    Порталот ,,Faktograf.hr” и неговите новинари станаа мета на јавен линч, во неделата, на 12 декември, инициран од претприемачот Ненад Бакиќ, по што редакцијата на ,,Faktograf.hr” доби различни закани.

    Ненад Бакиќ на својот Фејсбук профил грубо го нападна ,,Faktograf.hr”, на 10 и 11 декември, изнесувајќи голем број невистинити тврдења и ги повика своите следбеници да поднесат тужби против порталот и со тоа да иницираат организиран притисок врз овој портал. Бакиќ смета дека преку порталот на Фејсбук му е ускратена слободата на изразување и затоа вели дека ќе го тужи порталот, но во својата објава го наведува и следново: „Ме интересира дали би било легално да се формира фонд за финансирање на такви тужби? Не треба да е многу комплицирано – тужби за матрици на иста тема? После тоа до редакцијата на порталот пристигнаа низа пораки на Фејсбук, но и преку електронска пошта во кои се навредувани, но и се закануваат. Во еден од мејловите пишува дека некој ги следи новинарите на ,,Faktograf.hr”, дека никој не е недопирлив и дека на адресата на издавачот на Фактограф може да се случи сценарио како она што се случи пред две години во кое беа убиени две лица. На 14.12. порталот ,,Faktograf.hr” е под хакерски напади и моментално не е во функција.

    „Од февруари 2020 година ,,Faktograf.hr” пријавил околу 40 насилни или смртни закани во полицијата. Додека новинарите на Фактограф постојано се изложени на онлајн вознемирување (често родово специфични закани или навреди), објавивме над 550 написи кои ги оспоруваат и разоткриваат дезинформациите поврзани со пандемијата во истиот период. Последните напади достигнаа ново ниво откако истакната јавна личност објави за Фактограф и неговата подготвеност да основа фонд за да се продолжи со неосновани тужби против нашата публикација. Често графичките смртни закани, како и навредите, се поврзани со погрешно толкувањата на работата на Фактограф како партнер во Програмата за проверка на факти од трета страна на Мета на нејзината социјална мрежа Фејсбук. Новинарите на Фактограф, како и порталот ,,Faktograf.hr” како медиум за проверка на факти се придржуваат до највисоките стандарди во новинарството и строго го следат Меѓународниот проверувач на факти Кодекс на принципи на мрежата Faktograf.hr е членка на IFCN, како и регионална мрежа за проверка на факти SEECCheck, чии членови често добиваат исти видови закани. Заканите што ги добиваме нема да не спречат во работата, ниту ќе не исплашат“, изјави Ана Бракус, директорка на Фактограф. „Неприфатливо е однесувањето на претприемачот Бакиќ, кој веќе е познат како личност која сака да тужи медиуми. Јавните повици да се тужи еден медиум е токму она против што се бори СЈА, а тоа е заплашување и наметнување цензура преку SLAPP тужби, кои се нов модел на напади врз новинари и медиуми. Смртните закани што подоцна ги доби Фактограф се за осуда и очекуваме полицијата да ги пронајде и уапси луѓето кои стојат зад овие закани“, рече Хрвоје Зовко, претседател на Здружението на новинари на Хрватска.

    Мрежата на ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка Хрватско новинарско здружение во осудата на овие закани. Бараме од хрватската полиција да ги открие лицата кои му се заканувале на ,,Фактограф” и да ги санкционира, а исто така ги повикуваме властите јавно да ги осудат ваквите кампањи и јасно да стават до знаење дека повикот за линч е неприфатлив.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни актери за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 14 декември 2021 г.

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинарите на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    СУДОТ ЈА ОДБИ ТУЖБАТА ЗА КЛЕВЕТА НА ГОРЈАН ТОЗИЈА ПРОТИВ MKD.MK И НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР ДАМОВСКИ
    декември 15, 2021

    Следен

    Формирана е секција на млади новинари при ЗНМ
    декември 15, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    SafeJournalists-announcement-30.03.2023
    SafeJournalists: Закани за новинарката Жаклина Таталовиќ на Твитер во Србија
    30 март, 2023
    Untitled-design-1-3
    SafeJournalists: Напад со огнено оружје врз Топ чанел во Албанија, убиен чувар
    27 март, 2023
    SJ-announcement-24.3.2023.
    SafeJournalists: Новинарите се цел на закани и онлајн говор на омраза во Босна и Херцеговина
    24 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?