• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Стоп за насилството врз новинарите и активистите во Босна и Херцеговина

    SafeJournalists: Стоп за насилството врз новинарите и активистите во Босна и Херцеговина

    • Категории Соопштенија
    • Датум март 20, 2023

    Неколку новинари и активисти беа нападнати во Бања Лука вечерта на 18 март, пред канцеларијата каде што беше организиран состанок на членовите на LGBTIQ+ заедницата од цела Босна и Херцеговина, со цел да се гледа тематски документарен филм и да се разговара за правата на оваа заедница и нивната заштита. Претходно истиот ден, полицијата одлучи да го забрани собирот на Организацискиот одбор на „парадите на гордоста на БиХ поради „безбедносни ризици“.

    Активистите сепак решија да се соберат внатре, а околу 15 од нив, меѓу кои и новинари, беа нападнати од страна на група од 30-40 хулигани. Полицијата не направи ништо за да ги заштити учесниците на состанокот, а не се погрижи новинарите непречено да ја извршуваат својата работа. По инцидентот, дел од активистите и новинарите се обиделе да побегнат бегајќи, додека другата група била евакуирана од полицијата во полициската станица во Бања Лука, каде биле сослушани како жртви.

    Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари на БиХ, вели дека претседателот на Република Српска Милорад Додик и градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ се одговорни за нападот во Бања Лука, кој поттикна и ширеше омраза кон LGBTIQ+ заедницата и кон сите оние кои ги поддржуваат неколку дена пред самиот инцидент. „Овие двајца политичари не зборуваа јавно за човековите права на таа малцинска заедница, како што би било нормално во демократските држави; тие не зборуваа за тоа како е недозволиво да се спротивставиме на човековите права на една група во однос на друга, тие не зборуваат за спречување на дискриминација. Во своите изјави ставаат во преден план што им се допаѓа, а што не, каков е нивниот светоглед во однос на LGBTIQ+ заедницата како да се обични луѓе, а не носители на највисоки политички позиции“, вели Рудиќ и додава дека „исто ниво на одговорност сноси и полицијата бидејќи постапила во согласност со „желбите“ на политичарите, а не согласно Законот за јавен собир на Република Српска и нивните сопствени институционална обврска за заштита на малцинските групи од насилството на мнозинството“.

    SafeJournalists мрежата, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, остро го осудува овој напад и се придружува на своето членско Здружение на новинари на БиХ и дава поддршка на нападнатите новинари Вања Стокиќ и Мелани Исовиќ, новинарката Вања Суњиќ и фоторепортерот Ајдин Камбер. Мрежата бара итна истрага за нападите врз новинари и активисти и откривање на напаѓачите и оние кои стојат зад овој напад.

    Апелираме и до надлежните да се воздржат од изјави кои поттикнуваат насилство и говор на омраза.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 20.03.2023

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    SafeJournalists: Стоп за заплашувањето на новинарите во Косово
    март 20, 2023

    Следен

    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    март 22, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023
    Dizajn-bez-naslova-2023-05-18T104542.184-1068×1068
    SafeJournalists: Онлајн напади врз новинар поради напис за патријархот
    18 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?