• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Поздравена брзата реакција на Инспекторатот на Косовската полиција по апсењето на косовскиот снимател

    SafeJournalists: Поздравена брзата реакција на Инспекторатот на Косовската полиција по апсењето на косовскиот снимател

    • Категории Соопштенија
    • Датум февруари 4, 2022

    На 3-ти февруари во градот Сухарека близу Призрен, косовската полиција го уапси снимателот на новинската агенција „Економија Онлајн“, Албион Селитај додека професионално ја извршувал својата работа, известувајќи од акцијата на полицијата во „НБИ Сухарека“. Според снимателот, полицијата почнала да го турка, а кога тој рекол дека ќе замине само за да ја земе камерата, полицијата не му дала доволно време да ја земе опремата и да замине, па веднаш постапила.

    По брзата реакција на Здружението на новинари на Косово, мрежата ,,SafeJournalists” беше информирана дека полицискиот инспекторат суспендирал двајца инволвирани полицајци, а пет од нив се под истрага.

    Џемаил Реџа, претседател на Управниот Одбор на Здружението на новинари на Косово, рече дека однесувањето на косовската полиција е тотално непрофесионално и неприфатливо и додаде: „Бевме шокирани кога ја видовме снимката како еден од нашите колеги беше извлечен и уапсен од Косовската полицијата. Сè е фатено на лента“. Тој рече дека снимателот бил ослободен откако бил сослушан во локалната полициска канцеларија и додаде: „Она што се случи денеска претставува пример за тоа како безбедносните сили не треба да се справуваат со медиумите. Ова прашање го покренавме на највисоко ниво на косовската полиција и Министерството за внатрешни работи и побаравме вакви сцени да не се повторуваат повеќе“.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се солидаризира со колегата од Косово, Албион Селитај. Го поздравуваме фактот што надлежните брзо реагираа во овој случај и очекуваме целосна транспарентност од надлежните за овој случај. Институциите треба да ја поддржат слободата на говорот и да ги заштитат медиумските работници и да не ги прекршуваат нивните права.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 04.02.2022

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Судот ја одби тужбата на Апасиев против новинарите
    февруари 4, 2022

    Следен

    ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи ,,негативно мислење"
    февруари 6, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    SafeJournalists
    SafeJournalists: Државните функционери и политичари во Северна Македонија да престанат со непрофесионалното однесување кон новинарите
    9 февруари, 2023
    EFJ slika
    ЕФН го осудува недоличното однесување на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија
    8 февруари, 2023
    8 (1)
    Јавен конкурс за годишни награди на ЗНМ
    7 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?