• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Онлајн напади врз новинар поради напис за патријархот

    SafeJournalists: Онлајн напади врз новинар поради напис за патријархот

    • Категории Соопштенија
    • Датум мај 18, 2023

    Мрежата Safejournalists бара од полицијата и обвинителството да ги пронајдат сите лица кои упатиле закани до новинарот Никола Крстиќ поради написот во Данас.

    Никола Крстиќ напиша текст во Данас во кој, според негово лично мислење, ја критикуваше непримерната изјава на патријархот на СПЦ Порфирије за жените. Написот беше проследен со куп закани на социјалните мрежи дека Крстиќ треба „да биде обесен на бандера“ и дека таквите луѓе „треба да бидат истребени“.

    НУНС гледа особен проблем во очигледно оркестрираната кампања на десничарските групи, во која главна улога имаа и српските таблоиди, по што се зголемија заканите кон Крстиќ на социјалните мрежи. Веднаш по објавувањето на написот, таблоидите ги извртеа фактите од написот на Крстиќ и сето тоа на речиси идентичен начин и посочија дека тој ја мрази СПЦ и го поставија прашањето како е можно тој да јаде српски леб? Истовремено, тие лажно изјавија дека Крстиќ е член на „партијата Ѓилас“ (Драган Ѓилас, лидер на политичката партија „Партија за слобода и правда“) и дека ги повикува граѓаните да го блокираат мостот Газела…

    Од Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), велат дека ваквите закани не се изненадувачки, со оглед на климата што веќе подолго време се создава кон новинарите во Србија и не потсетуваат на голем број напади и притисоци врз новинарите. Жељко Бодрожиќ, претседател на НУНС, објаснува дека заканите и навредите кон нашиот колега јасно укажуваат на опасната средина во која работат новинарите во Србија, но и на проблемите со кои се соочуваат новинарите кога пишуваат критички. Тој посочува дека во овој тежок момент за нашето општество државните органи треба да направат се за да се смират тензиите во општеството, а не дополнително да се разгоруваат.

    Она што е особено загрижувачко е што заканите следеа по написот за СПЦ и критиките за говорот на Патријархот во кој жените се нарекуваат непристојни луѓе, што само покажува дека како општество не сме подготвени за критика. Не треба да заборавиме дека пред неколку дена еден дневен весник ја прекина соработката со писателката Билјана Србљановиќ поради напис за Патријархот.

    Мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци од Западен Балкан, се приклучува кон осудата на заканите и кампањата покрената против новинарот Крстиќ и ги повикува надлежните органи веднаш да ги откријат и казнат сторителите. Исто така, ги повикуваме сите учесници на јавниот простор да се воздржат од таргетирање на новинарите и сите други кои критички пишуваат за теми од јавен интерес. Ги повикуваме властите да ги осудат ваквите закани и кампањи и со тоа да испратат јасна порака дека ваквото однесување е неприфатливо.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 18 мај 2023 година.

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Одлука по поднесена претставка од Ардит Рамадани против Лиридона Вејсели
    мај 18, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    мај 25, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023
    ZNM
    Судскиот совет има обврска да биде транспарентен кон јавноста  
    9 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?