• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Недозволиво однесување на полицијата кон новинарите во Босна и Херцеговина

    SafeJournalists: Недозволиво однесување на полицијата кон новинарите во Босна и Херцеговина

    • Категории Соопштенија
    • Датум февруари 27, 2023

    Никола Морача, новинар на весникот ЕвроБлиц и на порталот СрпскаИнфо, бил сослушан во полиција и од него било побарано да го открие изворот на информацијата спротивно на законските одредби и меѓународните стандарди за заштита на слободата на медиумите и изразувањето.

    Новинарот бил сослушан во Полициската станица во Бања Лука поради напис за силување на осумнаесетгодишно девојче, за кое е осомничено едно лице. Дежурните полициски инспектори во присуство на обвинителот побараа од новинарот да открие кој му дал податоци за осомничениот за силување. Иако немале законска судска наредба, инспекторите му го одзеле мобилниот телефон, а искористувајќи ја својата положба, инспекторите и обвинителот посочувајќи дека ќе биде задржан од полицијата најмалку пет часа, ја искористиле неповолната ситуација во која се нашол новинарот, кој на крајот потпишал дека „доброволно“ го предава сопствениот телефон на полиција.

    Борка Рудиќ, генерален секретар на новинарите на БиХ, вели дека се што е поврзано со овој случај е правно и процедурално проблематично. „Ова е еклатантен пример за институционален притисок врз новинар, како и недозволиво и непропорционално загрозување на неговото право на слобода на изразување и информирање на јавноста за случајот со силувањето на осумнаесетгодишно девојче. ќе го отвориме правниот систем на линијата за помош на слободните медиуми и ќе ги разгледаме и анализираме дејствијата на полицијата и обвинителството во Бања Лука со цел да поднесеме кривична пријава“, рече Рудиќ. Таа додаде дека е охрабрена од солидарноста на сите новинари во БиХ и од неподелената поддршка на новинарот Никола Морача, но дека сега треба да истраеме во барањето одговори од надлежните институции во Република Српска за бруталното кршење на слободата на медиумите.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, ги осудува постапките на полицијата и надлежното обвинителство кон новинарот Морача, користејќи институционална сила спротивна на Уставот и кривичното законодавство на Република Српска, кои ја штитат слободата на изразување и правото на новинарите да ги штитат изворите на информации. Мрежата смета дека ова е уште еден обид да се задуши слободата на медиумите во Република Српска.

    Мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, бара да престане ваквото законско и институционално насилство врз новинарот. Исто така, мрежата ги повикува надлежните органи да го испитаат однесувањето на одговорните лица на Полициската управа Бања Лука и Окружното јавно обвинителство со цел заштита на новинарите и слободата на медиумите.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за најновиот случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 27.2.2023

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Судско-медиумскиот совет
    февруари 27, 2023

    Следен

    Секцијата на сниматели при ЗНМ ги избра новите  координатори
    февруари 27, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    sjn 20.03.2023
    SafeJournalists: Стоп за насилството врз новинарите и активистите во Босна и Херцеговина
    20 март, 2023
    SafeJournalists-17.3.2023
    SafeJournalists: Стоп за заплашувањето на новинарите во Косово
    17 март, 2023
    sliki za namaluvanje (3)
    Почина колешката Невенка Митревска
    17 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?