• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • „SafeJournalists“: Косовскиот новинар Сила, нападнат сред бел ден

    „SafeJournalists“: Косовскиот новинар Сила, нападнат сред бел ден

    • Категории Соопштенија
    • Датум декември 23, 2020

    Косовскиот новинар Валон Сила бил нападнат од човек кој го замолил повеќе да не го прикажува на ТВ. Инцидентот, навидум предизвикан од критичките ставови на Сила кон косовската дијаспора, беше снимен од граѓани кои беа сведоци на настанот.

    Осомничениот се пријавил во полиција и се води истрага.

    На 22 декември, додека си шетал во Приштина, Валон Сила, новинар на интернет порталот „Газета Метро“, му пришле тројца непознати мажи. Еден од нив го прашал „Дали си ти Валон Сила?“.  Со цел да се избегнат проблеми, Сила негирал и продолжил да си оди. Човекот потоа го зграпчил и му рекол: „Дали можеш никогаш повеќе да не се појавуваш на ТВ? Или никогаш повеќе да не говориш јавно?” и физички го нападнале Сила, додека другите двајца кои биле со напаѓачот ја набудувале ситуацијата. Нападот траел околу 30 секунди, а бил снимен од околните граѓани. Сила успеал да се извлече и да повика полиција. Врз основа на добиените информации од полицијата, осомничениот пријавил во полиција придружуван од адвокат, било земено изјава и ставен под 48-часовен притвор.

    Откако Сила беше информиран за идентитетот на осомничениот, сфатил дека лицето, кое живее во странство, е во врска со некој што претходно коментирал на неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук.

    „Мислам дека нападот се случи поради дебатата што отсекогаш сакав да ја започнам – за насилното општество, кое не прифаќа критики или поинакво мислење.” – изјави Сила, кој е познат по своите критички ставови кон дијаспората.

    Здружението на новинари на Косово (АЈК), член на мрежата на „SafeJournalists”, го осуди нападот и побара итна и сериозна реакција од властите.

    „SafeJournalists“ мрежата, која претставува повеќе од 8.200 професионалци во медиумите од Западен Балкан, ја споделува загриженоста на своите членки. Фактот што осомничениот пријавил во полиција е охрабрувачки. Сепак, има новинари на Косово на кои им се заканувале и напаѓале, а чии случаи сè уште траат во судскиот систем.

    Предупредуваме дека без доследна судска пракса што би ги спречила идните напади, не може да има напредок во областа на безбедноста на новинарите, слободата на изразување и слободата на медиумите. За тоа е потребна одговорност на полицијата, обвинителот и судовите.

    Мрежата на „SafeJournalists“ ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 23.12.2020

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на БХ

    Здружение на хрватски новинари

    Здружение на независни новинари на Србија Синдикат на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Случајот „Филан" и известувањето за урбани терористички напади
    декември 23, 2020

    Следен

    SafeJournalists: Српскиот портал „Јужнe вести“ добива смртни закани
    декември 26, 2020

    Можеби ќе Ве интересира

    slika 2 vlada
    Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
    5 јуни, 2023
    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?