• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Државните функционери и политичари во Северна Македонија да престанат со непрофесионалното однесување кон новинарите

    SafeJournalists: Државните функционери и политичари во Северна Македонија да престанат со непрофесионалното однесување кон новинарите

    • Категории Соопштенија
    • Датум февруари 9, 2023

    Во изминатите три недели (од 15 јануари до 6 февруари), државните функционери покажаа омаловажувачки, непрофесионално и арогантно однесување кон новинарите за време на прес-конференциите во Северна Македонија.

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изминативе 3-4 години забележува случаи на несоодветна комуникација од државни функционери кон новинари во земјава, но тоа се изолирани инциденти. Меѓутоа, во изминатите три недели ваква комуникација имало пет пати. ЗНМ реагираше за сите пет случаи – Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите; Али Ахмети не смее да етикетира медиуми; Непримерно етикетирање на медиуми од страна на премиерот Ковачевски; ЗНМ реагира на односот на службеници од МОН кон новинарката Ќерими, и Државните функционери повторно во напад кон новинарите – ваквото однесување мора да престане!

    „Овој однос кон новинарите и медиумските работници од оние кои треба да дадат пример за позитивна комуникација не само што ќе има негативно влијание врз јавноста во нашата држава, туку несомнено ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на другите релевантни организации. Затоа, оваа практика мора да престане и сите чинители во јавниот дискурс мора да покажат почит и професионален однос кон новинарите и медиумските работници“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

    Европската федерација на новинари (ЕФЈ) исто така го осуди несоодветното однесување на јавните функционери и ги потсети на моралните обврски што ги носи јавната функција.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, го осудува однесувањето на оние кои се на позиција на моќ и авторитет и ги повикува државните функционери да не ги осудуваат и непочитуваат новинарите затоа што ја вршат својата работа и поставуваат прашања од интерес за јавноста. Властите се избираат од страна на граѓаните и како такви тие се одговорни пред нив и пред новинарите кои ги информираат граѓаните за случувањата во државата. Исто така, тие треба да негуваат култура на толеранција и да покажат подготвеност за соработка.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 09.02.2023

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЕФН го осудува недоличното однесување на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија
    февруари 9, 2023

    Следен

    SafeJournalists: Напад врз новинарите на ,,Топ Канал” во Албанија
    февруари 10, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    sjn 20.03.2023
    SafeJournalists: Стоп за насилството врз новинарите и активистите во Босна и Херцеговина
    20 март, 2023
    SafeJournalists-17.3.2023
    SafeJournalists: Стоп за заплашувањето на новинарите во Косово
    17 март, 2023
    sliki za namaluvanje (3)
    Почина колешката Невенка Митревска
    17 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?