• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalists: Албанската полиција нападнала двајца новинари во Тирана

    SafeJournalists: Албанската полиција нападнала двајца новинари во Тирана

    • Категории Соопштенија
    • Датум јули 28, 2021

    Албанската полиција, во Тирана, на 27 јули, во 12:30 часот, го нападна Ергис Ѓeнцај, новинар на ТВ каналот „News 24“ и ја турна неговата  колешка Клодијана Лала откако не успеаа да приведат осомничен криминалец.

    Неколку полицајци, без полициска униформа, го запреле автомобилот на осомничениот, но не успеале да го приведат. Во исто време, автомобил  на „News 24“ обележан со логоата на ТВ каналот пристигнал на местото на настанот и излегле новинарите Ѓенцај и Лала, но откако полицајците не успеале да го уапсат осомничениот, полицајците им се обратиле на новинарите. На едниот од нив, Ѓенцај ,одземен му е телефонот и потоа е соборен на земја што се гледа и на видеото поставено на интернет. По протесната реакција на колешката Лала , едно лице во цивилна облека за кое се верува дека е полицаец ја турка.

    Ѓенцај за БИРН изјави дека полицијата го држела со лицето надолу и  неколку минути му ги проверувала џебовите.

    „Работев како новинар што ја покриваше полицијата во последните 20 години. Ова е првпат да ми се случи такво нешто “, изјави Ѓенцај за БИРН.

    Лала, позната новинарка која истражува теми поврзани со криминал, изјави дека и двајцата случајно се нашле на местото кога се случил обидот за апсење.

    „Извикав кон нив дека спречуваат новинар“, изјави Лала, нагласувајќи дека полицајците не можеле да ги пропуштат логоата на информативниот канал на нивниот автомобил.

    Во соопштението за медиумите, Обвинителството во Тирана потврди дека во соработка со Службата за внатрешни работи и жалби на Министерството за внатрешни работи, вршат длабински проверки поврзани со инцидентот.

    Ова не е прв пат новинарите да бидат мета на напади од страна на албанската полиција. Во 2020 година, мрежата на ,,SafeJournalists” регистрираше уште седум други случаи на полициско неоправдано притворање или лош однос со новинари додека известувале и биле на должност.

    Блерјана Бино, истражувач на мрежата ,,SafeJournalists” во Албанија, рече дека „ новинарите додека известуваат од местото на настанот ризикуваат да бидата нападнати што е нова нормалност во Албанија, при што полицајците не покажуваат почит кон должноста и работата на новинарите да известуваат од настани и да ја информираат јавноста“. .

    „Обично, овие инциденти се осудени од властите, но следуваат ограничени темелни истраги и постои недостаток на транспарентност во врска со напредокот на истрагите за нападите врз новинарите“, рече таа.

    Мрежата „SafeJournalists“, претставувајќи повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, се солидаризира со колегите од Албанија и го осудува нападот врз ТВ екипата. Бараме јасна осуда на овој напад врз новинари од полициски службеници. Мрежата ,,SafeJournalists”, исто така, очекува дека властите во Албанија треба да водат транспарентна истрага за овој случај.

    Мрежата на ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за двата случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 28.07.2021 година.

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари БиХ

    Здружение на хрватски новинари

    Независно новинарско здружение на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ и КАС: обука за млади новинари - шанса за новата ера во медиумите заснована на интегритет и храброст
    јули 28, 2021

    Следен

    ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ - ИЗРАБОТКА НА ВИДЕА (КАМПАЊА) ЗА ПРОМОЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ ПОМЕЃУ НОВИНАРСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА И ПАРЛАМЕНТИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ЗА ПОСИЛЕН ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
    јули 29, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    slika 2 vlada
    Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
    5 јуни, 2023
    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?