• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • SafeJournalist: Закани за новинарите на Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН) во Босна и Херцеговина

    SafeJournalist: Закани за новинарите на Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН) во Босна и Херцеговина

    • Категории Соопштенија
    • Датум октомври 28, 2022

    Зоран Чегар, шеф на униформираниот полициски сектор на Федералната полициска управа (ФПА) во Босна и Херцеговина, во средата им се закануваше и ги нападна новинарите од Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН).

    Имено, новинарката на ЦИН побарала коментар од Зоран Чегар пред Судот во Дубровник, по завршувањето на рочиштето. Чегар реагирал бурно, заканувајќи и се на новинарката со зборовите: „Не ме терај да ти го скинам грлото!“.  На гореспоменатиот началник му се суди за кривично дело измама. Според ЦИН, му се суди за измама на Дарко Марковиќ, сопственик на агенцијата за изнајмување јахти и автомобили „Прозура“ за 20.000 евра.

    Ова не е првпат Чегар да им се заканува на новинарите на ЦИН. Работејќи на приказна за тоа како се стекнал со повеќемилионски имот во Босна и Херцеговина и Хрватска, ЦИН контактирал со Чегар и го замолил за интервју, кое тој го одбил, со закани и пцовки. Чегар во таа прилика им порачал на новинарите: „Не ни помислувајте да ми се јавите повторно, за да не дојдам кај вас таму од каде што ме викате“.

    Здружението на новинари на БиХ вели дека се многу загрижени за безбедноста на нивните колеги од ЦИН, бидејќи се работи за директни и отворени закани за насилство, од лице кое веќе има историја на насилничко однесување, за кое медиумите објавија пред. „Очекуваме надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста на новинарите, како и да се санкционира Чегар по итна постапка. Според информациите што ги добивме од колегите од ЦИН, Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево одобрило полициска заштита и постојан надзор за нивните новинари, а редакцијата е под патролен надзор. Тоа доволно говори за сериозноста на споменатите закани“, вели Маја Радевиќ, истражувач од Здружението на новинарите на БиХ.

    Покрај Здружението, денеска реагираше и министерот за внатрешни работи на Федерацијата на БиХ, Аљоша Чампара. Тој поднесе барање за суспензија на Зоран Чегар. Министерството за меѓународни работи на ФБХ го осуди насилничкото однесување на Чегар врз новинарите, наведувајќи дека „на ова министерство му требаат храбри и чесни полицајци, а не кукавици кои се закануваат и напаѓаат жени“. Министерот ги покани Единицата за професионални стандарди на ФПА и надлежните судски органи приоритетно да го истражат случајот со напади и закани врз новинари на ЦИН.

    SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка Здружението на новинари на БиХ во осудувањето на ваквото однесување на шефот на полицискиот сектор кон новинарите и ги повикува надлежните органи да спроведат ефикасна истрага и адекватно да го казнат сторителот.

    Мрежата SafeJournalists  ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 28.10.2022.

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Итна истрага за нападот врз Божиновски
    октомври 28, 2022

    Следен

    Како до успешна ресоцијализација на поранешните затвореници?
    октомври 30, 2022

    Можеби ќе Ве интересира

    ZNM
    Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ: Односот на владините службеници е цензура
    4 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ го осудува селективниот пристап на Владата за акредитација на медиуми
    3 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?