• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Реформа на МРТ со повеќе пари и со помалку партиско влијание

    Реформа на МРТ со повеќе пари и со помалку партиско влијание

    • Категории Активности
    • Датум јуни 1, 2018

    Нема вистински реформи во медиумската сфера без сериозна реформа на Македонската радиотелевизија. Департизацијата на управните органи и обезбедување на одржлив систем на финанисрање на јавниот сервис се клучни за зајакнување на нејзината независност и професионалност. Ова се дел од заклучоците од денешната дебата на тема „Предизвици за реформи во Македонската радиотелевизија“ што во Скопје ја организираше  Здружението на новинарите во соработка со Институтот за општествени и хуманистички науки.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани истакна дека власта и опозицијата здружно работат против спроведување на препораките на Европската комисија за реформите во јавниот сервис. „Власта ја напаѓа финансиската независност на МРТ, а опозицијата се обидува да ги задржи своите партиски војници“, рече Селмани и додаде дека со промената на моделот на финансирање на МРТ, кој требало да биде привремено решение, се преполовил буџетот на јавниот сервис.

    Селмани смета дека владата со негативната оценка за нејзината работа на МРТ ја наруши нејзината автономија бидејќи јавниот сервис сеуште го третира како јавно претпријатие. „МРТ не е ни Македонски шуми, ниту Водовод и канзализација“, оцени претседателот на ЗНМ.

    Тој тврди дека не е работа на владата да се занимава со обновување на музичката продукција на МРТ бидејќи во спротивно ризикува да упадне во нејзиниот систем на  финансирање. Освен тоа, овој потег потврдил дека 0.7 посто од државниот буџет не се доволни средства за да може јавниот сервис да ја исполни мисијата да ги информира, едуцира и забавува граѓаните.

    Селмани го оцени како безсмислено блокирањето во Собрание на измените на Законот за аудио и аудивизуелни медиусмки од опозицијата, која има одлучувачка улога во изборот на новиот состав на Програмксиот совет. Тој  рече дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе се грижи да го заштити директорот на МРТ, отколку да обезбеди стабилно финансирање на јавниот сервис. „Поднесоа околу 70 амандамни на законот, а ниту еден не предвидува зголемување на обемот на средствата за финансирање на МРТ“, додаде Селмани.

    Тој ги повика власта и опозицијата да престанат со политичкото пазарање на сметка на МРТ и заеднички да го изгласат за АВМУ.

    Ана Блажева од Институтот за општествени и хуманистички науки збореше за потребата МРТ да донесе саморегулатрни акти, со кои ќе може да ја зајакне програмската незавиност.

    Директорот на МИА, Драган Антоновски, рече дека за реформа на МРТ парите се нужни, но решението не треба да се бара само кај власта, туку и кај волјата на вработените.

    „Прва и основна работа што мора да се направи е департизација, а второто е влогот во неа. Но, тука не е само државата, туку пред се вработените и тие кои ќе ги вработуваат“, истакна Антоновски. Според него, решението за МРТ не треба да се чека од надвор, туку треба да се бара одвнатре.

    Новинарот Игор Стојанов, ги претстави резултатите од анализата за социо-економската положба на новинарите од Источна Македонија, според кој, за целиот овој регион МРТ има само тројца дописници. Стојанов рече дека за квалитетот во информирањето на јавниот сервис потребна е и развиена дописничка мрежа и дописни центри во сите градови.

    Дејан Георгиевски од Центарот за медиуми, рече дека финансирањето на МРТ е клучно за нејзиното зајакнување.

    „Дури и два отсто од минатогодишниот буџет се најверојатно премалку пари ако сакаме јавен сервис по меѓународни стандарди и од она што им треба на граѓаните кои, инаку, досега никој и не ги прашал што сакаат. Сегашното решение за финансирањето можеби е стабилно и предвидливо на среден рок, но не и долгорочно, затоа што ни оддалеку нема да биде доволно, рече Георгиевски.

    Учесниците на дебатата предложија следната дебата за оваа тема да се организира со вработените на МРТ.

    31 мај 2018 година

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ПРОДОЛЖУВАЊЕ на рокот за аплицирање за финансиска подршка на граѓанските организации
    јуни 1, 2018

    Следен

    Осуда за нападите врз новинарите на протестот пред Собранието
    јуни 18, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?