• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Промовирана анализа за состојбата на дописниците во Северна Македонија

    Промовирана анализа за состојбата на дописниците во Северна Македонија

    • Категории Активности
    • Датум август 29, 2019

    Здружението на новинарите на Македонија денеска промовираше нова публикација во чиј фокус е состојбата со дописниците во Република Северна Македонија. На промоцијата се обрати претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој се осврна на проблемите со кои се соочуваат колегите од внатрешноста. „Загрижува фактот што дописничката мрежа на МРТ, но и на националните телевизии постојано се намалува, а во одредени медиуми и целосно е укината“, истакна Чадиковски.

    Според него, има повеќе причини за настанувањето на оваа ситуација. „Финансиите се главен проблем за дописниците, а сите досегашни истражувања за социо-економската положба на дописниците покажуваат дека месечните надоместоци или хонорарите по објавен текст или прилог не можат да ги покријат ниту основните трошоци за живот. Но, тоа не е единствениот проблем кој беше детектиран во ова истражување. Недостигот на техничка опрема, притисоците од редакциите, но и од локалните моќници значително ја отежнуваат работата на новинарите“, рече претседателот Чадиковски.

    Чадиковски се осврна на дел од анализата во кој е нагласена потребата од интервенција и во законската регулатива со која ќе им се наложи на сите национални медиуми да ангажираат дописници. Дел од препораките кои се однесуваа на Македонската радио-телевизија (МРТ) и на Медиумската информативна агенција (МИА) беа да обезбедат дописништва во секој од осумте плански региони, а притоа на вработените да им обезбедат технички услови за работа и вработувања на полно работно време, со договор на неопределено време.

    Во анализата се препорачува на печатените медиуми да вработат по најмалку тројца дописници, бидејќи тоа што се финансиски помогнати од јавниот буџет носи и свои обврски, во интерес на добро информирана јавност за теми од локален и регионален карактер.

    Во однос на националните терестријални и кабелски телевизии во анализата се препорачува да ги зголемат своите дописнички мрежи, и да обезбедат соодветни услови за работа за новинарите. „Потребно е да се направат измени и дополнувања во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и тоа во глава VI, член 22 кој се однесува на бројот и структурата на вработени. Овие измени треба да гарантираат дека од минимум 30 вработени новинари во терестријалните, најмалку 4 треба да се дописници со полно работно време, односно од минимум 10 вработени новинари кај кабелските телевизии најмалку 2 да се дописници со полно работно време“, истакна Чадиковски. 

    Оваа публикација беше подготвена во рамките на проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на ЗНМ и авторите и во никој случај не може да се смета дека ја одразува позицијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

    Целата публикација можете да ја најдете на овој линк.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ и СЕММ создаваат регистар на професионални онлајн медиуми
    август 29, 2019

    Следен

    Промовирана публикацијата за статусот и потребите на дописниците пред новинарите во Штип и Струмица
    септември 4, 2019

    Можеби ќе Ве интересира

    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?