• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Промовиран прирачник за професионална, безбедна и етичка работа на снимателите во медиумите

    Промовиран прирачник за професионална, безбедна и етичка работа на снимателите во медиумите

    • Категории Активности
    • Датум октомври 1, 2019

    Здружението на новинарите на Македонија денеска ја претстави својата најнова публикација со наслов: „Прирачник за професионална, безбедна и етичка работа на снимателите во медиумите“. Публикацијата беше изготвена со цел да се прикажат пречките, предизвиците, но и можностите кои ги создава професијата снимател кога станува збор за медиумското известување, како и да се подигне нивото на разбирање и свесност за околностите во кои се извршува оваа професија.

    На промоцијата се обратија авторите на публикацијата Марина Тунева и Маријана Марушиќ Кос, како и Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски. Според Секуловски, изработката на овој прирачник дошла како барање и потреба на секцијата на снимателите при ЗНМ. Тој воедно се заблагодари и за придонесот на членовите на секцијата Трајче Илиевски и Славе Стојановски кои несебично помогнаа во подготовката на оваа публикација.

    Авторката Марина Тунева во своето обраќање рече дека снимателите се секогаш најдобрите извори на настанот на кој присуствуваат, и дека неретко се наоѓаат и во незавидна положба, соочувајќи се со различни потешкотии и ограничувања. „Во фокусот на овој Прирачник е работата на снимателите од аспект на универзално прифатените етички принципи за коректно, непристрасно и објективно работење, а се прави и осврт на националната законска рамка и одредбите што директно ја засегаат оваа професија“, истакна Тунева

    Од друга страна, авторката Маријана Марушиќ Кос порача дека медиумите имаат тешка задача да проценат дали информирањето за одреден настан е од јавен интерес и да обезбедат рамнотежа меѓу правото јавноста да биде информирана и правото на приватност на поединците. „Оваа рамнотежа тешко се постигнува со директна примена на конкретна законска норма, а за да се постигне истата, потребно е богато искуство и знаење и добра проценка од страна на новинарите и снимателите, во секој поединечен случај„ истакна Марушиќ.

    Овој прирачник беше изготвен во рамки на проектот: „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на ЗНМ и авторите и во никој случај не може да се смета дека ја одразува позицијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ: ОЈО треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле
    октомври 1, 2019

    Следен

    Чадиковски на средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар: Медиумските реформи во државата да бидат целосно спроведени
    октомври 16, 2019

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    13 октомври, 2026
    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?