• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Придонесот на цивилното општество за интеграција на Балканот во ЕУ

    Придонесот на цивилното општество за интеграција на Балканот во ЕУ

    • Категории Активности
    • Датум јули 12, 2017

    Во понеделник и вторник во Сараево се одржа Шестиот Форум на цивилното општество од земјите на Западен Балкан, организиран од Европскиот економски и социјален комитет, на кој се разговараше за најголемите предизвици со кои се соочуваат балканските земји, како што е слободата на говорот, евроинтеграцијата, улогата на социјалните партнери и на цивилното општество во промоција на одржлив развој и вработување, како и за миграцијата и правата на жените.

    На Форумот присуствуваше и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, кој на панелот посветен на слободата на говорот зборуваше за улогата на невладиниот сектор во промоција на слободата на медиумите и начинот на решавање на најгорливите проблеми.

    Селмани рече дека невладините организации треба да ја кренат свесноста на граѓаните дека слободата на говорот е елементарно човеково право загарантирано со домашното и меѓународното право. „Граѓаните треба да разберат дека имаат право слободно да ги изразат нивните размислувања, без вмешување на властите, но при тоа почитувајќи ги правата и слободите на другите граѓани“, рече Селмани и додаде дека невладините организации треба да ги осудат и да ги документираат сите прекршувања на слободата на говорот.

    Според него, најголемите причини за непочитувањето на слободата на говорот во земјите од Западен Балкан се отсуството на демократска традиција, неуспехот да се изградат одговорни политички елити, кои веруваат во демократските вредности и водат сметка за интересите на нивните земји и граѓани.

    „Политичките системи на Балканот не се демократски, туку хибридни демократии. Јас ги нарекувам советски демократии, кои како модел ја имаат Русија на Путин“, рече Селмани и додаде дека комунизмот падна, но останаа авторитарните практики на владеење.

    Зборувајќи за решавање на проблемите со слободата на говорот во земјите на Балканот, Селмани рече дека властите мора јавно да го осудат насилството против новинарите и да ги исполнат нивните законски обврски да ги казнат насилниците. Тој побара да престане вмешувањето на властите во финансирањето на приватните медиуми бидејќи со тоа се отвара можноста владите да ги контролираат медиумите.

    Освен тоа, тој предложи зајакнување на јавните радиодифузни сервиси, охрабрување на судиите и обвинителите да ја применат праксата на Европскиот суд за човекови права како и побара зголемување на транспарентноста на институциите и зајакнување на само-регулацијата во медиумите.

    На крајот на Форумот беше усвоена и декларација,  во која уште еднаш беа реафирмирани основните демократски начела, како што се почитување на основните човекови права и слободи и владеењето на правото.  Целосниот текст на Декларацијата можете да го најдете на овој линк: http://www.eesc.europa.eu/?i=portal.en.events-and-activities-6th-western-balkans–declaration

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Отворен повик за наградата д-р Ерхард Бусек
    јули 12, 2017

    Следен

    Укинат притворот на новинарот Зоран Божиновски
    јули 14, 2017

    Можеби ќе Ве интересира

    sliki za namaluvanje (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?