• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Претставена публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“

    Претставена публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“

    • Категории Активности
    • Датум декември 19, 2019

    Здружението на новинари на Македонија, во соработка со делегацијата на Европската Унија и со француската амбасада во Македонија во Клубот на новинарите ја претстави публикацијата: „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова Трајковска. Во оваа публикацијата се анализирани пресудите и предметите во Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на слободата на говорот. Во неа, исто така, детално е анализирана пресудата за предметот „Селмани и другите против Република Македонија“.

    Авторката на публикацијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска, во промотивниот говор истакна дека слободата на изразување е претпоставена и таа мора да се почитува. „Јасно се пропишани случаите кога државата може да ја ограничи слободата на изразување“, рече таа, дополнувајќи дека се надева оти публикацијата ќе биде од корист и во новинарската и во судската фела.

    На промоцијата се обрати и евроамбасадорот во Република Македонија, Самуел Жбогар. Според него слободата на изразување значи дека мислењата може да се споделуваат слободно, но притоа говорот на омраза мора да биде забранет, а државите мора да бидат заштитници кои го гарантираат ова право. Тој потенцираше дека очекува читатели на оваа публикација во иднина да не бидат само судиите, туку и сите останати чинители во медиумската сфера како што се новинарите, политичарите, граѓанските организации, уметниците итн.

    Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние ја истакна потребата и важноста од една ваква публикација „Оваа книга е важна бидејќи ќе ве потсетува на огромната одговорност која вие ја носите. Таа претставува споменик на храброста на некои од новинарите, но и споменик на недостигот од храброст на некои други чинители“, рече тој.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани се заблагодари на Европската делегација и на француската амбасада во Македонија за поддршката за објавување на публикација. Селмани рече дека целта на публикацијата е да се подобри известувањето на новинарите затоа што само добро информирани новинари за нивните права и обврски не ги прекршуваат правата на останатите и нема да се самоцензурирaат од страв дека ќе можат да бидат гонети за објавените информации.

    Тој рече дека публикацијата е намената на институциите, кои се обврзани да обезбедуваат поволен амбиент за работа на новинарите. Според него, публикацијата треба да биде поука за сите дека 24 декември од 2012 година никогаш не смее да се повтори.

    Публикацијата можете да ја погледнете на следниот линк.

    Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија и француската амбасада во Македонија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЗНМ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија и на француската амбасада во Македонија.

    Здружението на новинари на Македонија е институционален грантист на програмата на ЦИВИКА Мобилитас.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Харлем Дезир со поддршка за Регистарот за професионални онлајн медиуми
    декември 19, 2019

    Следен

    Европската федерација на новинарите со поддршка за Регистарот на професионални онлајн медиуми
    декември 20, 2019

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026
    169 (83)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?