• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Претставен годишниот извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија

    Претставен годишниот извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија

    • Категории Активности
    • Датум декември 25, 2018

    Здружението на новинарите на Македонија го претстави годишниот извештај за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија, изготвен во рамките на проектот Регионална платформа на Западен Балкан, финансиран од Европската комисија.

    Во сите три главни индикатори на извештајот, како што се правната рамка за слободата на медиумите, позицијата на новинарите во редакциите и безбедноста на новинарите, во 2018 година нема сериозни промени во медиумската сфера.

    Извештајот го претстави директорот на ЗНМ, Драган Секуловски кој истакна дека Владата не успеала да ја подобри медиумската регулатива која подолго време беше најавувана. „Измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои требаше да создадат подобар амбиент за работа на медиумите, не е усвоен во Собрание. Охрабрени сме дека власта и опозицијата се блиску до договор и до крајот на годината законот да биде изгласан“, рече Секуловски.

    Тој упати критика дека Владата не успеала да ги заврши и останатите медиумски законски проекти, што ги дала како ветување во рамките на  реформскиот план 3-6-9, како што се донесување на измените и дополнувања на Законот за клевета и измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

    „Во 2018 година, не само што немаше подобрување на законската медиумска легислатива, напротив имаше дури и одредено назадување“, истакна Секуловски и додаде дека во текот на летните одмори, без никаква дебата и целосно нетранспарентно, Владата ги усвоила измените и дополнувањата на Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии. „Овие измени овозможуваат на парламентарните партии да трошат јавни пари за финансирање на медиумската политичка пропаганда за време на изборна кампања и референдуми“, рече Секуловски.

    Според ЗНМ, ваквите измени ќе имаат негативно влијание врз слободата на медиумите бидејќи тоа е заобиколен начин за враќање на владините реклами, со кои во минатото претходната власт ја купуваше наклонетоста на медиумите и влијаше врз нивната уредувачка политика.

    Секуловски се осврна и на работата на судовите во земјата по однос на нивно постапување за тужбите за клевета и навреда. Според ЗНМ, годинава е забележана и несоодветна примена на медиумската регулатива. „Постои неусогласена судска пракса за Законот за клевета. Граѓанскиот суд и Апелациски суд во Скопје ги одбиваат тужбите за клевета против онлајн медиумите со објаснување дека не се медиуми, додека останатите Апелациски судови постапуваат спротивно. ЗНМ побара Врховниот суд да ја усогласи судска пракса, но досега нема став од судот“, истакна Секуловски.

    Безбедноста на новинарите оваа година бележи одредено подобрување, меѓутоа политиката на неказнивост на напаѓачите на новинарите се уште останува присутна. „Бројот на напади е намален за три пати, а донесени се и првите судски пресуди против оние што напаѓаа новинари во минатото. За жал, политиката на неказнивост во Македонија има длабоки корени. Од 59 напади, досега се разрешени само два“ рече Секуловски и додаде дека новинарите нема да бидат безбедни се додека институциите не го истражат целосно и последниот напад на новинари и додека одговорните не се изведат пред лицето на правдата.

    Во извештајот е забележано дека нема подобрувања ниту во однос на позицијата на новинарите во редакциите, професионалната етика или пак за нивото на цензура. „Во Македонија речиси пола од новинарите имаат помала плата од државниот просек, кој изнесува околу 24 илјади денари. Мнозинството новинари немаат договори за вработување на неопределено време, а 19 отсто се привремено ангажирани како хонорарни работници. На над 55 отсто од новинарите им доцнат платите“, истакна Секуловски.

    На крај Секуловски апелираше Владата да ја разбере сериозноста на ситуацијата со која се соочуваат медиумите и новинарите и да ги врати медиумските реформи во Планот 18. „Без слобода на изразување Македонија нема да направи значаен прогрес во евроатланската агенда, а земјата ќе остане на дното на светските индекси за слобода на изразување.“ рече тој.

    Целосниот извештај може да се најде на следниот линк.

    Во рамките на презентацијата на Извештајот беше изготвено и прикажано следното видео:

    Покрај годишниот извештај за време на настанот беше презентирана и „Анализа на одлуки на Основниот суд Скопје 2 Скопје во врска со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда“, која можете да ја погледнете на следниот линк. Таа беше изготвена во рамки на проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од страна на ЗНМ. Автор на оваа публикација е Ана Паноска.

    25.12.2018

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Претставена публикацијата: „Анализа на одлуки на Основниот суд Скопје II Скопје во врска со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда извршени преку медиуми донесени во 2017 и 2018 година“
    декември 25, 2018

    Следен

    Промовирана публикација: Навредата и клеветата како дел од медиумските реформи
    декември 28, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    20230601_113632
    ЗНМ: Презентирани предизвиците на новинарите пред институциите во Брисел
    1 јуни, 2023
    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?