• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • Поздравени наодите на меѓународните набљудувачи за медиумите

    Поздравени наодите на меѓународните набљудувачи за медиумите

    • Категории Соопштенија
    • Датум декември 13, 2016
    Поздравени наодите на меѓународните набљудувачи за медиумите

    Здружението на новинарите на Македонија ги поздравува првичните наоди на Меѓународната набљудувачка мисија за изборите од 11 декември во Македонија, со кои јасно се констатира дека партиите не ја исполнија обврската од Пржинскиот договор за суштински реформи во медиумите.

    Меѓународните набљудувачи го потврдија ставот на ЗНМ дека новинарската етика во медиумите не може да се наметне со законски казни. Тие со право констатираа дека  националните телевизии Сител, Канал 5 и Алфа не обезбедија балансирано и непристрасно известување во своите вести. Иако рамномерно го поделиле медиумскиот простор меѓу учесниците на изборите, известувале со позитивен тон за власта, а за опозицијата најчесто со негативен, со што отворено ја поддржувале владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, регистрирана е појава кај овие национални телевизии на пренесување сомнителни информации од интернет како политички вести.

    Освен тоа, пропаднале сите обиди на медиумите да организираат дебати со сите клучни учесници во изборниот процес, поради одбивањето на кандидатите да учествуваат во нив.

    Набљудувачите со право оценија дека новото законското решение за медиумите е неефикасно поради неговата неусогласеност и нејасниот мандат на привремената комисија за следење на известувањето на медиумите сто дена пред избори. Тие наведоа дека иако Комисијата предложила 57 прекршочни постапки против медиуми за нерамномерно известување, скриена кампања на владини функционери и платено политичко рекламирање, судот се изјаснил за само два предмети и ги отфрлил како неосновани.

    Набљудувачите ја истакнаа и појавата на самоцензура и отсуство на уредувачка независност на медиумите, каде како причина беа наведени политичките и бизнис интереси на сопствениците на овие медиуми. Регистриран е и случај во кој претставници на владината ДУИ заплашувале уредник на вести.

    13.12.2016, Скопје

    Прелиминарниот извештај на ОБСЕ за изборите може да го најдете на следиот линк:

    http://www.osce.org/odihr/elections/fyrom/288186

    фото извор: Глас на Америка

    Tag:Workspace

    • Share:
    author avatar
    viktor644

    Претходен

    НАЈАВА: Регионална конференција: Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите на Западен Балкан
    декември 13, 2016

    Следен

    Такева и Лефков најдобри новинари од Штипскиот регион за 2016
    декември 21, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    slika 2 vlada
    Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
    5 јуни, 2023
    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?