Повик за пријавување на програма за новинари под закана

Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите со седиште во Лајпцинг, Германија, објави повик за аплицирање на програмата „Journalists in Residence” за 2017 година. На програмата можат да се пријавуват новинари од земјите членки и кандидатки за членство во Европската унија, кои се изложени на притисок поради нивната навинарска работа. Целта на програмата е новинарите под притисок привремено да ja напуштат небезбедната средина и угнетувањето и да се опорават од анксиозноста.
Новинарите во опасност, кој ќе се вклучат во програмата, 12 месеци ќе можат да живеат надвор од сопствената земја, а Европскиот центар за слободата на печатот и на медиумите ќе им обезбеди сигурен дом, школарина и многу други форми на поддршка, како и можност да работат во седиштето на организацијата.
Рокот за аплицирање е до 8 Ноември, а повеќе информации за програмата ќе можете да најдете на овој линк:
https://ecpmf.eu/get-help/journalists-in-residence