ПОВИК за доделување награди за фоторепортери

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Американската амбасада во Скопје, Канцеларијата на УНХЦР и Македонско здружение на млади правници, распишува повик за награди за фотографии на тема “Бегалскиот бран во Македонија”.
Поднесените предлози ќе ги оценува Комисија составена од членови на ЗНМ и партнерите. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно земајќи ги предвид следниве критериуми:
- Фоторепортери државјани на Република Македонија,
- Автентична фотографија од бегалската криза во Македонија,
- Фотографијата да ги задоволува професионалните стандарди и етика,
- Фотографијата да не е користена за комерцијални цели, и
- Фотографијата да избегнува сензационализам, стереотипи и/или да ги прикажува бегалците во негативно светло.
Кандидатите можат да пријават најмногу до пет фотографии најдоцна до 10 ноември 2016 година. Фотографиите треба да го прикажат искуството на бегалците, мигрантите и барателите на азил, како и да придонесуваат кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со бегалците.
Наградите ќе се врачат на 18 ноември 2016 на пригодна свеченост организирана во галеријата на Националниот музеј на Македонија во Скопје. На настанот ќе се изложат наградените фотографии, и дел од пријавените фотографии.
Фондот за најдобрите три фотографии изнесува 120.000 денари, и тоа:
- Прва награда од 60.000 денари
- Втора награда од 40.000 денари и
- Трета награда од 20.000 денари
Важно:
- Доставените фотографии треба да се снимени во периодот од 01 јануари 2015 до 31 декември 2015 година,
- Фотографиите треба да бидат во соодветен формат (JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi) и испратени во електронска верзијa на contact@znm.org.mk или доставени лично во канцеларијата ЗНМ, и
- Фотографиите треба да бидат именувани од страна на пријавените и доколку се објавени во медиуми да се наведе во кои медиуми и кога.
31 октомври 2016 година, Скопје
