Повик за доделување на грант за зајакнување на новинарската солидарност и промоција на професионалните стандарди

Повик за доделување на грант за зајакнување на новинарската солидарност и промоција на професионалните стандарди
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) објавува повик за доделување на еднократни грантови за граѓански организации кои работат во сферата на слободата на изразување и човекови права со цел промоција на професионално новинарство.
Грантовите се наменети за активности во следните области:
- Слобода на изразување;
- Промоција на професионални стандарди;
- Истражувачко новинарство.
Поддржаните проекти се очекува да придонесат кон остварување на следните резултати:
- Создавање на медиумски содржини за теми поврзани со новинарите и медиумите;
- Јакнење на свеста кај граѓаните за прашања поврзани за важноста на слободата на изразување;
- Поголемо почитување на професионалните стандарди.
Повикот предвидува поддршка за следните активности:
- Новинарски стории, прилози, интервјуа, статии, анализи посветени на слободата на изразувањето и професионални стандарди на национално и локално ниво;
- Истражувања во врска со состојбата на новинарите и медиумите.
- Обуки за новинарска етика.
Повикот предвидува финансиска поддршка во износ од 5.000 евра до 7.500 евра, каде 80 проценти ќе бидат исплатени по потпишување на договорот, додека пак, останатите 20 проценти од целосниот износ ќе бидат исплатени по исполнување на обврските предвидени во договорот. Зависно од обемот, времетраењето на проектот е во период од 6 до 12 месеци. ЗНМ ќе потпише договор со најмалку две а најмногу три граѓански организации.
На повикот може да аплицираат граѓански организации, кои се регистрирани и работат во земјава најмалку една година пред објавата на овој повик. Во апликацијата не е дозволено да бидат вклучени и ко-апликанти.
Селекцијата на кандидати ќе се врши според следните критериуми:
- Совпаѓање на целите на повикот и предложениот проект;
- Предвидени активности и поврзаност на истите со предложените цели и очекувани резултати;
- Ризик предложените резултати да не се реализираат (дефинирање на резулататите, капацитети на организацијата за реализација на предложените активности);
- Разионализација на предложениот буџет согласно со предложените активности.
Организациите кои се заинтересирани да одговорат на овој повик потребно е да ги пополнат и достават до ЗНМ во предвидениот рок следните формулари:
- Пријава;
- Буџет;
- Изјава.
На повикот не можат да бидат предложени акции кои се спроведуваат во рамките на тековни проекти на организациите финансирани од други донатори.
На повикот не е дозволено учество на политички партии, профитни организации и граѓански организации кои промовираат и користат насилство.
На повикот не може да учествуваат организации кои се корисници на грант од Делегацијата на ЕУ како координатор, ниту како партнер во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014)
Aпликантите, исто така, треба да достават копија од извод од Централниот регистар на Македонија која не е постара од 6 месеци и копија од статут од организацијата.
Крајниот рок за пријавување е 16 септември, петок, до 14 часот. Пријавите може да се достават по е-маил, на адреса: contact@znm.org.mk или директно во просториите на ЗНМ на адреса: Градски Ѕид блок 13, 1000 Скопје.

Овој повик се објавува во рамки на проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија”, што го спроведува ЗНМ во соработка Европската федерација на новинари (ЕФЈ), а со финансиска поддршка од Европската Унија.
Пријава за суб грант ЗНМ август 2016