• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

    ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

    • Категории Активности
    • Датум мај 14, 2018

    Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија во рамки на проектот „Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите, објавува:

    ПОВИК
    За доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

    Во рамките на конкурсот обезбеден е фонд во вкупен износ од 25 000 eвра, од кој ќе бидат доделени не повеќе од 5 грантови во максимален износ од 5 000 евра, наменети за финансиска поддршка на акции на застапување на слободата на изразување како дел од кампањата „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни “.

    Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организации кои постојат најмалку една година во Централниот регистар на Република Македонија и кои работат на полето на застапување на правото на слобода на изразување. Предност имаат организации кои учествувале на двете обуки за застапување засновано на податоци организирани во рамките на проектот „Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“.

    Финансиската поддршка се доделува со цел зајакнување на капацитетите на организациите кои работат во полето на слобода на изразување за пристапот на застапување и креирање јавни полкитики засновани на податоци.

    Очекуваните резултати од спроведувањето на акциите се:

    • Изработка на медиумски производ, студија на случај која има за цел застапување на слободата на изразување со користење на податоци. 
    • Реализација на кампањата „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни“ која има за цел да промовира предлози за промена на политиките во сферата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    Рокот за поднесување на пријавите е 30 маj со доставување на потребната документација на е-маил адресата: info@isshs.edu.mk

    1. СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АКЦИИ

    Организациите кои ќе бидат поддржани во рамките на повикот за доделување грант ќе добијат континуирана менторска поддршка за реализација на акциите во период од шест месеци (јуни – ноември 2018):

    • Развивање на идејата за студија на случај
    • Фаза на прибирање на податоци
    • Обработка и анализа на податоците
    • Создавање медиумски производ
    • Учество во кампања „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни“

    2. УПАТСТВО ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ

    Финансиската поддршка се доделува за спроведување на акциите во период од април – септември 2018 година.

    Пријавата треба да биде поднесена од една организација – носител со која ќе биде потпишан договор за грант (даден во прилог на повикот) доколку организацијата е избрана за финансирање.

    Грантот ќе се додели во максимален износ од 5 000 eвра во денарска противвредност на посебната банкарска сметка за овој проект на организацијата-носител, регистрирана во Секретаријатот за европски прашања и ослободена од данок на додадена вредност. Предложениот буџет во никаков случај не смее да го надмине максималниот износ, ниту да биде помал од 5% од максималниот износ.

    Организацијата – носител ќе биде единствено одговорна за реализацијата на активностите иплаќањата согласно буџетот на акцијата. Префрлање на доделените средства од грантот на други правни лица не е дозволено, освен за плаќања на услуги директно поврзани со реализацијата на активностите.

    Пријавите треба да бидат доставени исклучиво по електронска пошта дадена во прилог.

    Секоја пријава треба да ги содржи следниве документи:

    Целосно пополнет формулар за пријавување кој ги вклучува следниве обрасци:

    1. Образец за пријавување пополнет на македонски јазик,
    2. Образец за предлог – буџет. Буџетот треба да биде испланиран во рамките на трошоците дозволени во буџетскиот образец.
    3. Копија од решение од Централен регистар 
    4. Изјава

    Обрасците треба да бидат пополнети компјутерски, напишаните на рака нема да бидат земени предвид.

    I. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР И РОКОВИ

    Изборот на организациите на кои ќе им биде доделен грант ќе се одвива во две фази и тоа:

    • Оценување на пријавите според основните квалификациски барања: 
    а)Образецот е соодветно пополнет и пријавата со придружната документација е доставена во рок и на начин предвиден со повикот
    б) Временска рамка и висината на буџетот содветствуваат со барањата од повикот
    • Оценување на квалитетот на предлог-проектите според критериумите на бодување наведени подолу:

    КритериумОписБодови
    Оправданост за избор на темата и квалитет на предложените активности и нивна синхонизираност со целите и резултатитеИзборот на темата е заснован на податоци за ограничување на слободата на изразување, медиумските слободи и/или уредничката слобода и активностите соодветствуваат со целите на повикот и со резултатите што треба да се постигнат50
    Искуство и вештини на организацијата за реализација на акцијатаОрганизацијата има историја на спроведување активности и проекти во полето на слобода на изразување15
    Претходно искуство во производство на медиумски производ и спроведување кампањаОрганизацијата (преложените учесници) има искуство во креирање медиумски содржини и производи и спроведување камапња15
    Претходно искуство во јавно застапување и комуникација со конституентитеОрганизацијата има добра комуникација со своите конституенти и историја на спроведени локални застапувачки акции20
    Вкупно 100

    Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и Здружението на новинари на Македонија го задржуваат правото да побараат дополнителни информации за предлозите или за подносителите на пријавите за коишто смета дека се потребни за оценувањето.

    За организациите грантисти ќе биде организирана средба за потпишување на договорите за грант и појаснување на правата и обврските кои произлегуваат од доделувањето на финансиската поддршка.

    3. ПОВИКОТ СЕ РЕАЛИЗИРА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ИНИЦИЈАТИВИ ЗА УРЕДНИЧКА СЛОБОДА: НОВИ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ПОДАТОЦИ“

    Главна цел на проектот е проценка на ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија за политики кои ја штитат слободата на изразување

    Посебните цели на проектот се:

    • Да направи проценка на ефектите од постоечката регулатива врз слободата на изразување со фокус на уредничката слобода 
    • Да го адресира недостатокот на поширок дијалог на стурчната и граѓанска јавност на тема политики кои дејстуваат рестриктивно во поглед на слободата на изразување во медиумите и првенствено уредничката слобода. 
    • Креирање консултациски механизми со засегнатите страни кои ќе развиваат предлози на политики за прашањата што се однесуваат на програмската регулација и слободата на изразување. 
    • Кампања за застапување засновано на докази со цел да се објаснат податоците од спреведените анализи и релевантноста на предложените политики. 
    • Јакнење на капацитетите на организациите кои работат во полето на слобода на изразување за пристапот на застапување и креирање јавни полкитики засновани на докази.

    Период на реализација на проектот: февруари, 2017 година –јануари, 2019 година

    Доколку имате дополнителни прашања или потреба од појаснувања ве молиме да се обратите по писмен пат на следниве контакти:

    Ана Блажева: ana.blazeva@isshs.edu.mk
    Драган Секуловски: dsekulovski@znm.org.mk

    Сите потребни документи за аплицирање можете да ги преземете на линковите подолу:

    ПОВИК за субгрантирање

    ОБРАЗЕЦ за пријавување за финансиска поддршка на граѓански организации ИПА

    ФОРМУЛАР за буџет

    ИЗЈАВА за организација апликант

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ПОТСЕТУВАЊЕ: Јавен повик за доделување на новинарски награди
    мај 14, 2018

    Следен

    Слободата на медиумите е меѓу врвните приоритети на Владата
    мај 18, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    sliki za namaluvanje (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?