Повик за членови на ЗНМ за препорака за советите на АВМУ и МРТ

Здружението на новинарите на Македонија ги повикува сите свои активни членови кои се заинтересирани да добијат препорака од Здружението да аплицираат за кандидатури за:
– член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– член на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ)
За таа цел треба да се достави пријава на електронската пошта на Здружението на новинарите на Македонија (contact@znm.org.mk)
Пријавата треба да се состои од:
- Кратка биографија,
- Писмо за мотивација и
- Програма за работа во Советот на АВМУ односно во Програмскиот совет на МРТ
Крајниот рок за доставување на пријавите е 15.02.2019 најдоцна до 12:00 часот. Во предметот на пријавата треба да е нагласено: За пријава за член на Програмскиот совет на МРТ или за Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Секој кој ќе аплицира ќе добие повратен одговор во рок од 12 часа по доставување на пријавата дека истата е пристигната. Доколку не добиете повратен одговор во предвидениот рок, ве молиме да не контактирате на нашиот телефонски број 02 3298 139.
Управниот одбор на ЗНМ ќе донесе конечна одлука во однос на тоа кои членови ќе добијат препорака најдоцна до 20.02.2019.
Копија од конкурсите за членови на Советот на АВМУ и за Програмскиот совет на МРТ, објавени во дневен весник се достапни на следниот линк.
05.02.2019 година, Скопје