ПОТСЕТУВАЊЕ: Јавен повик за доделување на новинарски награди

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Македонското здружение на млади правници и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР распишуваат “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2017 година во Македонија”.
Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Скопје. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците и дали содржи карактеристики на професионално известување.
Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:
- Напис или серија написи
- Емисија, прилог, краток документарец
- Фотографија
Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците, барателите на азил и потенцијалните баратели на азил, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.
Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:
- Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2017 година (од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година)
- Содржи автентични приказни за искуството на бегалците и барателите на азил
- Покажува чувствителност и почит кон бегалците и околностите под кои овие лица ги напуштиле своите домови
- Избегнува сензационализам и стереотипизација
- Кандидатите се државјани на Република Македонија
Важно :
- Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии
- Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
- Видео материјалите да бидат испратени на CD/DVD, со датум на објавување;
- Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
- Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на конкурсот; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул. Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на конкурсот;
- Повеќе информации во врска со Конкурсот и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат на тел. 077/587-642 или на адресата otanceva@myla.org.mk
На најдобро рангираните ќе им бидат доделени три награди, за секоја од трите категории, во вкупен износ од 240.000 денари, и тоа:
- прво место 40.000 денари, второ место 25.000 денари и трето место 15.000 денари.
Рокот за аплицирање е23.05.2018 година, предвид ќе бидат земени само апликациите пристигнати најдоцна до 23.05.2018 година.
Победниците ќе бидат објавени до 15.06.2018 година, а наградите ќе бидат врачени на Светскиот ден на бегалците, 20.06.2018 година.